Изборна единица 3

Од Википедија — слободната енциклопедија

Изборната единица 3 е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од североисточна, источна и дел од централна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија.

Општини[уреди | уреди извор]

Изборната единица 3 опфаќа територија на 24 општини:[1]

  1. Општина Штип
  2. Општина Велес
  3. Општина Кочани
  4. Општина Крива Паланка
  5. Општина Свети Николе
  6. Општина Виница
  7. Општина Берово
  8. Општина Делчево
  9. Општина Пехчево
  10. Општина Пробиштип
  11. Општина Кратово
  12. Општина Македонска Каменица
  13. Општина Илинден
  14. Општина Зелениково
  15. Општина Петровец
  16. Општина Градско
  17. Општина Лозово
  18. Општина Зрновци
  19. Општина Карбинци
  20. Општина Куманово (дел)
  21. Општина Ранковце
  22. Општина Старо Нагоричане (дел)
  23. Општина Чашка
  24. Општина Чешиново-Облешево

Вкупен број на гласачи[уреди | уреди извор]

  • 2002: 277.236
  • 2006: 285.166
  • 2008: 288.585
  • 2011: 291.140
  • 2014: 280.890

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]