Изборна единица 8

Од Википедија — слободната енциклопедија

Изборната единица 8 — поранешна изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која можеа да гласаат македонските државјани од Северна и Јужна Америка. Од оваа изборна единица се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваа дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година и во неа се гласаше на два парламентарни избори, во 2011 и 2014 година. Со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година, Изборната единица 8, заедно со Изборната единица 9, влезе во составот на преструктуираната Изборна единица 7.

Избирачки места[уреди | уреди извор]

Во 2011 година во оваа изборна единица биле предвидени 5 избирачки места. Од нив 4 биле во САД, едно во Канада, а ниту едно во Јужна Америка.

Во 2014 година, покрај овие избирачки места, било воведено уште едно избирачко место, во Отава.

Вкупен број регистрирани гласачи[уреди | уреди извор]

Регистрирани гласачи за изборите во 2011 година беа 1.824,[1] а за изборите во 2014 година - 3.337.[2] Вкупниот број на Македонци во оваа изборна единица се проценува дека се движи околу 350.000.[се бара извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]