Знамиња во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европа.

Ова е галерија на државни и национални знамиња во Европа. Галеријатаопфаќа само независни држави, зависни територии и непризнати самопрогласени држави. Автономните региони и републики не се наведени.

Независни држави[уреди]

знаме датум употреба Опис
Flag of Austria.svg 1918 — 1938
1945 —
Знаме на Австрија Три хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
Flag of Albania.svg 1992 — Знаме на Албанија Црн двоглав орел на црвена позадина.
Flag of Andorra.svg 1866 — Знаме на Андора Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
Flag of Azerbaijan.svg 1918 — Знаме на Азербејџан Три хоризонтални ленти во сина, црвена и зелена боја со полумесечина и ѕвезда во средината.
Flag of Belgium (civil).svg 1831 — Знаме на Белгија Три вертикални ленти во црна, златна и црвена боја.
Flag of Belarus.svg 1995 — Знаме на Белорусија Две нееднакви хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, со национален мотиф на бела основа во вертикална положба на прицврстениот дел.
Flag of Bosnia and Herzegovina.svg 1998 — Знаме на Босна и Херцеговина Сина позадина на која има златен триаголник и девет ѕвезди.
Flag of Bulgaria.svg 1878 — 1946
1991 —
Знаме на Бугарија Три хоризонтални ленти во бела, зелена и црвена боја.
Flag of the Vatican City.svg 1929 — Знаме на Ватикан Две вертикални ленти во жолта и бела боја со грбот на белата лента.
Flag of Germany.svg 1919 — 1933
1949 —
Знаме на Германија Три хоризонтални ленти во црна, црвена и златна боја.
Flag of Georgia.svg 2004 — Знаме на Грузија Бела позадина на која има голем црвен крст и по еден мал црвен крст во кантоните.
Flag of Greece.svg 1978 — Знаме на Грција Сина позадина со четири бели ленти и бел крст во горниот лев кантон.
Flag of Denmark.svg 1219 — Знаме на Данска Црвена позадина со бел нордиски крст.
Flag of Estonia.svg 1918 — 1940
1990 —
Знаме на Естонија Три хоризонтално ленти во сина, црна и бела боја.
Flag of Armenia.svg 1918 — Знаме на Ерменија Три хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја.
Flag of Ireland.svg 1922 — Знаме на Ирска Три вертикални ленти во зелена, бела и портокалова боја.
Flag of Iceland.svg 1915 — Знаме на Исланд Сина позадина со црвен нордиски крст со бели граници.
Flag of Italy.svg 1948 — Знаме на Италија Три вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја.
Flag of Cyprus.svg 1960 — Знаме на Кипар Бела позадина со приказ на картата на островот и маслинови зелени гранчиња околу него.
Flag of Latvia.svg 1918 — 1940
1990 —
Знаме на Латвија Три нееднакви хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
Flag of Lithuania.svg 2004 — Знаме на Литванија Три хоризонтални ленти во жолта, зелена и црвена боја.
Flag of Liechtenstein.svg 1937 — Знаме на Лихтенштајн Две хоризонтални ленти во сина и црвена боја со кралската круна во кантонот.
Flag of Luxembourg.svg 1972 — Знаме на Луксембург Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
Flag of Macedonia.svg 1995 — Знаме на Македонија Црвена позадина со стилизирана поедноставена Ѕвезда од Кутлеш т.е. сонцето на слободата.
Flag of Malta.svg 1964 — Знаме на Малта Две вертикални ленти во бела и црвена боја со Малтешкиот крст во горниот лев кантон.
Flag of Moldova.svg 1990 — Знаме на Молдавија Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
Flag of Monaco.svg 1881 — Знаме на Монако Две вертикални ленти во црвена и бела боја.
Flag of Norway.svg 1821 — 1844
1898 —
Знаме на Норвешка Црвена позадина со син нордиски крст со бели граници.
Flag of the United Kingdom.svg 1801 — Знаме на Обединетото Кралство Сина позадиа на која има црвен англиски крст со бели граници и бел шкотски крст со црвени ленти.
Flag of Poland.svg 1919 — Знаме на Полска Две хоризонтални ленти во бела и црвена боја.
Flag of Portugal.svg 1911 — Знаме на Португалија Две вертикални нееднакви ленти во зелена и црвена боја со националниот грб над нив.
Flag of Romania.svg 1848, 1867 — 1948
1989 —
Знаме на Романија Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја.
Flag of Russia.svg 1883 — 1918
1993 —
Знаме на Русија Три хоризонтални ленти во бела, црвена и сина боја.
Flag of San Marino.svg Знаме на Сан Марино Две хоризонтални ленти во бела и сина боја со националниот грб во средина.
Flag of Serbia.svg 2004 — Знаме на Србија Три хоризонтални ленти во црвена, сина и бела боја со националниот грб над нив.
Flag of Slovakia.svg 1992 — Знаме на Словачка Три хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
Flag of Slovenia.svg 1991 — Знаме на Словенија Три хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
Flag of Turkey.svg 1844 — Знаме на Турција Црвена позадина со бели полумесечина и ѕвезда.
Flag of Ukraine.svg 1918 — 1920
1992 —
Знаме на Украина Две хоризонтални ленти во сина и жолта боја.
Flag of Hungary.svg 1957 — Знаме на Унгарија Три хоризонтални ленти во црвена, зелена и бела боја.
Flag of Finland.svg 1918 — Знаме на Финска Бела позадина на која има син нордиски крст.
Flag of France.svg 1794 — 1814
1830 —
Знаме на Франција Три вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
Flag of the Netherlands.svg 1937 — Знаме на Холандија Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
Flag of Croatia.svg 1990 — Знаме на Хрватска Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја со националниот грб во средината.
Flag of Montenegro.svg 2004 — Знаме на Црна Гора Црвена позадина со златни граници и со националниот грб во средина.
Flag of the Czech Republic.svg 1920 — 1939
1945 —
Знаме на Чешка Две хоризонтални ленти во бела и црвена боја со син триаголник на прицврстениот дел
Flag of Switzerland.svg 1889 — Знаме на Швајцарија Црвена позадина со бел крст.
Flag of Sweden.svg 1569 — Знаме на Шведска Сина позадина со жолт нордиски крст.
Flag of Spain.svg 1981 — Знаме на Шпанија Три хоризонтални нееднакви ленти во црвена, жолта и црвена боја со националниот грб.

Зависни територии[уреди]

знаме датум употреба дел од опис
Flag of the Azores.svg 1960- Знаме на Азорските Острови Португалија Две вертикални ленти во сина и бела боја со грбот и златна птица со ѕвезди.
Flag of the United Kingdom.svg 1960- Знаме на Акротири и Декелија Обединетото Кралство Нема свое знаме, но го користи знамето на Обединетото Кралство.
Flag of Åland.svg 1954- Знаме на Оланд Финска Сина позадина со црвен нордиски крст со златни граници.
Flag of Guernsey.svg 1985- Знаме на Гернзи Обединетото Кралство Бело знаме со црвен англиски крст со помал златен крст во црвениот.
Flag of Gibraltar.svg 1502- Знаме на Гибралтар Обединетото Кралство Две хоризонтални нееднакви ленти со кула на белата лента и клуч на црвената.
Flag of Madeira.svg 1960- Знаме на Мадеира Португалија Три ленти во сина, жолта и сина боја со крст во средина.
Flag of the Isle of Man.svg c13- Знаме на Ман Обединетото Кралство Црвена позадина со бели споени три нозе.
Flag of the Faroe Islands.svg 1940- Знаме на Фарските Острови Данска Бело знаме со црвен нордиски крст со сини граници.
Flag of Jersey.svg 1980- Знаме на Џерси Обединетото Кралство Бела позадина со дијагонален црвен крст и со грбот на Џерси.

Непризнати држави[уреди]

знаме датум употреба опис
Flag of Abkhazia.svg 1992- Знаме на Апхазија Четири зелени и три бели ленти со црвен кантон на која има рака и седум ѕвезди во бела боја.
Flag of South Ossetia.svg 1990- Знаме на Јужна Осетија Tри хоризонтални ленти во бела, црвена и жолта боја.
Flag of the Turkish Republic of Northern Cyprus.svg 1983- Знаме на Турската Република Северен Кипар Бела позадина на која има две мали хоризонтални ленти во црвена боја и црвени полимесечина и ѕвезда.
Flag of Kosovo.svg 2008- Знаме на Косово Сино знаме со златна карта на Косово и со шест бели ѕвезди над картата.
Flag of Nagorno-Karabakh.svg 1992- Знаме на Нагорно-Карабах Три хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја со скалесто поставени бели коцки.
Flag of Transnistria.svg 2000- Знаме на Приднестровие Три хоризонтални ленти во црвена, зелена и црвена боја.

Останати независни ентитети[уреди]

знаме датум употреба опис
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg 1130 — Независен воен ред Малта Црвено знаме со бел крст
Flag of Europe.svg 1986- Знаме на Европската Унија Сино знаме со 12 златни кружно поставени ѕвезди.


Поврзано[уреди]