Долгонога шлука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долгонога шлука
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Recurvirostridae
Род: Himantopus
Вид: Долгонога шлука (disputed)
Биномен назив
Himantopus himantopus
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

1–7, види во текстот

Долгоногата шлука, (науч. Himantopus himantopus) е широко распространета крајбрежна птица со многу долги нозе. Повеќето извори денес сугерираат дека постојат 2-4 вида.[2][3][4][5][6][7] Оваа птица ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Возрасните долгоноги шлуки се долги 33-36 см. Имаат долги розови нозе, долг тенок црн клун и се црнкави одозгора и бели одоздола, со бел врат и глава. Мажјаците имаат црн грб, често со зеленикав сјај. Кај женките, пак, грбот има кафевкава нијанса која е во контраст со црните пердуви на крилјата. Младенчињата имаат сиво наместо црно и песочна нијанса на крилјата.


Таксономија и систематизација[уреди]

Таксономијата на оваа птица е сè уште проблематична. Некои издвојуваат најмногу 5 вида, а други, пак, сите ги сметаат за подвидови. Најприфатена таксономија е следната:

  • Himantopus himantopus himantopus или H. himantopus) (Linnaeus, 1758) – вклучувајќи ги и предложените подвидови meridionalis (јужна Африка) и ceylonensis (Шри Ланка)
распространет е во западна Европа и Медитеранот до централна Азија и супсахарна Африка, како и Мадагаскар, јужна и југоисточна Азија[8][9][10]. Северозападните популации мигрираат на југ во зима.
Главата и вратот варираат од целосно бели до бели со црна капа и црно на задниот дел од вратот, вообичаено со бела линија низ горниот дел на грбот.
  • Himantopus himantopus mexicanus, Himantopus mexicanus mexicanus или H. mexicanus (P.L.S.Müller, 1776)
Јужниот дел на Северна Америка преку централна Америка и Карибите до северен Перу и североисточен Бразил.
Главата и вратот се секогаш бели, со црна капа која досега до линијата на окото, бела точка под окото и црна линија на задниот дел од вратот. Обично нема бела линија на горниот дел од грбот.
  • Himantopus himantopus melanurus, Himantopus mexicanus melanurus или H. melanurus (Vieillot, 1817)
Јужна Америка од централен Перу и северен Чиле до југоисточен Бразил и Аргентина.
Главата и вратот обично се бели со црна линија на задниот дел од вратот и црна линија од тилот до окото. Обично има отворена црна линија на градите и бела низ горниот дел од грбот.
Возрасен Himantopus himantopus leucocephalus
Јајце од Himantopus himantopus
  • Himantopus himantopus leucocephalus или H. leucocephalus (Gould, 1837)
Јава до Нова Гвинеја, Австралија и Нов Зеланд.
Главата е обично целосно бела, вратот бел со црно одзади и со отворена црна лента на градите. Обично има бела дамка на горниот дел од грбот.
  • Himantopus himantopus knudseni, Himantopus mexicanus knudseni или H. knudseni (Stejneger, 1887)
Хаваи, каде е единствена крајбрежна птица.
Во основа слична со H. mexicanus, но црното на главата и вратот е пораширено, обично до под окото.

Однесување[уреди]

Живеалиштето за размножување на долгоногата шлука се мочуриштата, плитките езера и вештачки езерца. Некои популации се птици преселници и мигрираат на океанските крајбрежја зиме, a оние од потоплите краишта се постојани жители и само посетители на некои региони.

Се хранат собирајќи ја храната од песокот или од плитката вода. Претежно јадат инсекти и ракчиња.

Се гнездат на оголено место на земја, во близина на водата, обично во помали групи.

Долгоногата шлука е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Himantopus himantopus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003101. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. BirdLife International (BLI) (2008a). „Himantopus himantopus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 2 January 2009.
  3. BirdLife International (BLI) (2008b). „Himantopus leucocephalus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 2 January 2009.
  4. BirdLife International (BLI) (2008c). „Himantopus mexicanus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 2 January 2009.
  5. BirdLife International (BLI) [2008d]: Black-necked Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
  6. BirdLife International (BLI) [2008e]: Black-winged Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
  7. BirdLife International (BLI) [2008f]: White-headed Stilt Species Factsheet. Retrieved 2008-SEP-24.
  8. VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11–29. PDF fulltext
  9. Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext
  10. Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004): New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003. Micronesica 37(1): 69–96. HTML abstract

Литература[уреди]

  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8

Надворешни врски[уреди]