Благој Цанев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благој Цанев
Роден(а)8 август 1937
Свети Николе
ПотеклоМакедонија Македонија
Починал(а)27 јули 2020
Скопје
ЗанимањаКомпозитор

Благој Цанев (роден во Свети Николе на 8 август 1937 година - починал на 27 јули 2020 година во Скопје) — македонски композитор од четвртата генерација македонски повоени композитори. По завршувањето на основното училиште се запишал во средното музичко училиште. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломирал и на одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски, во 1979 година, Скопје. Работел како наставник во oсновното музичко училиште, а потоа и во средното музичко училиште како професор по теорија на музика, хармонија, хорско диригирање, а бил и диригент и на школскиот оркестар. Од 1978 година бил професор на ФМУ Скопје, по предметите солфеж и методика на музичката настава. Покрај ова, настапувал и како предавач на голем број стручни семинари и музички манифестации во земјава и во странство.

Автор е на оркестарско, камерно и хорско творештво, како и на над 10 учебници, и 3 работни тетратки за различните степени на музичкото образование, од кои еден дел се преведени и адаптирани на албански и турски јазик. За својата самопрегорна работа, Благој Цанев бил добитник на највисоките државни награди – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др. За неговите композиции се пишува дека се темелат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот народен мелос.[1]

Камерните дела заземаат најистакнато место во севкупниот творечки опус на Благој Цанев. Умерен во изразот, овој автор се стремел да даде свој придонес кон трендот на исполнувањето на вакуумот на македонската музика, кој особено се чувствува во литературата за помали инструментални состави. Во таа смисла, забележливо остварување е неговата „Соната за кларинет и пијано ин Ес“. За ова дело Цанев е добитник на наградата Климент Охридски, како и на многу награди на конкурси, Медал за труд и Повелба на Сојузот на музичките педагози на бивша Југославија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во своето музичко творештво Благој Цанев изминал пат од традиционалните форми и традиционалниот композиторски израз кон поразвиените творечки форми и видови. Својот сигурен настап го најавувал уште со својата прва композиција:

„…Струга годинава беше место каде што бевме возбудени од откривањето на творечкиот нерв на композиторот Благој Цанев во неговата „Симфонија ’79“ и пијанистичката суита „Интермеца“.[2]

Сепак, траен белег на неговиот композиторски белег се потпирањето врз македонскиот музички фолклор и умерениот композиторски јазик. Тоа го забележала и музичката критика во која се истакнува дека:

„… Творечкиот израз на овој автор се традиционалните форми со осовременети изразни средства, кои содржат евидентна стилска определба на присуството на белегот од македонскиот музички фолклор, трансформиран низ повеќе музички постапки. Кон ваквата стилска определба е и неговото дело „Гудачки квартет ин Ге“…“.[3]

При користењето на фолклорот тој не се ограничувал на еден тип на негова трансформација, туку го користел целиот спектар на работа со него, – од едноставните хармонизации до посложените творечки постапки. Низ нив јасно се согледува рационалниот пристап што резултирал со сосема чисти, јасни и прегледни композиции. Понекогаш дури и со користење на композиторските техники и постапки типични за определени форми од минатите епохи – барокот:

„… На годишната „Трибина на Југословенското музичко творештво“ во Опатија, концерт на Камерниот оркестар на РТС, значеше натамошна афирмација на македонската музичка мисла и репродуктива. Под диригентство на Младен Јагушт оркестарот прозвучи со сиот респект кон делата … со необарокни елементи прозвучи делото ,,Барокни Варијации Пасчакона“ за гудачки оркестар на Благој Цанев, напишани во чест на годишнината од раѓањето на Јохан Себастијан Бах…“.[4]

Некои од неговите најпопуларни и најизведувани дела, исто така, делумно извираат од традицијата:

„ …Додека пак, „Сонатата ин Ес“ од Благој Цанев компонирана и надградувана на добрата француска традиција за дувачки инструменти беше претставена допадливо и прецизно…“.[2]

Иако сведок и добар познавач на авангардните струења од втората половина на XX век, тој во своите дела не тргнал по патот на неизвесното експериментирање, туку останал трагајќи по „музичкото во музиката“:

„…И овој пат со изведбата на „Симфонија ’79“, останавме со уверување дека се работи за талентиран и вреден автор кај кого, веќе во овој момент, може да се забележи дека е повеќе наклонет кон мисловната страна на работите отколку кон експериментот…“.[5]

Цикличноста како формално обликување најприсутна е во неговите помали форми, а обемниот хорски опус во најголем дел извира од македонската мелопоетска фолклорна почва. За некои од неговите соло песни, пак, критиката најчесто се изразувала со супрелативи:

„… Двете лирски соло песни („Сонатина“ и „Халуцинација“), особено композицијата Сонатина е творба со антологиска убавина…“.[6]

Речиси сите дела од Благој Цанев се изведени и снимени во Македонија и во странство (сите поранешни југословенски републики, Австрија, Албанија, Бугарија, Италија, Норвешка, САД, Турција, Украина, Франција, Шпанија и други).

Оркестарско[уреди | уреди извор]

  • Симфонија ‘79,(1979); Барокни варијации „Пасчакона“, – за гудачки оркестар, (1985);
  • Илинденски маршеви, – за дувачки симфониски оркестар, (1985);
  • Секвенци, – за гудачки оркестар, (1989);
  • Песна за 10,447 Македонски композитори 105 пеперутката, – за хор и мандолински оркестар, (1993);
  • Ленто, – за гудачки оркестар, (1996);
  • Концертен став бр. 1, – за пијано и гудачки оркестар, (1999);
  • Концертен став бр. 2, – за пијано и гудачки оркестар,(2000);
  • Девет Минијатури, – за гудачки оркестар, (2002);
  • Ала валс, – за гудачки оркестар, (2003);
  • Концертен став III, – за пијано и гудачки оркестар, (2003-04);
  • Тажен марш, – за гудачки оркестар, (2004);
  • Девет минијатури, – за оркестар флејти, (2004);
  • Пасакаља и пајдушка, – за гудачки оркестар, (2007);

Камерно[уреди | уреди извор]

  • Контрасти – за виолина и пијано, (1970);
  • Соната ин Ес – за кларинет и пијано, (1972);
  • Гудачки квартет ин Ге, (1976);
  • Суита „Фолклорни канони“ – за дувачки квинтет, (1982);
  • Дувачко трио ин Ас – за дувачко трио, (1991);
  • Илинденски маршеви – за лимен дувачки квинтет, (1996);
  • Концертен став бр.1 – за две пијана, (1999);
  • Концертен став бр.2 – за две пијана, (2000);
  • Концертен став бр.3 – за две пијана, (2003);
  • Концерт, за две пијана, (2003);
  • Фолклорни канони – за флејта, виолончело и пијано, (2004);
  • Пасакаља и пајдушка – за хеликон (туба) и пијано,(2005);
  • Бахофонија, Прелудиум и Фуга ин де, ин Це, ин Е, – за обоа, кларинет, фагот, виолина, виола, виолончело, контрабас и тапани, (2007);
  • Балада без зборови – за гудачки квинтет, (2010);
  • Девет минијатури, за две виолини, (2014);

Солистичко[уреди | уреди извор]

  • Игра – за пијано, (1952);
  • Песна – за пијано, (1953);
  • Игра – за пијано,(1956);
  • Фолклорна суита „Овчеполка“ – за пијано, (1956);
  • Песна и игра, за пијано, (1957);
  • Три пиеси – за пијано, (1970);
  • Суита интермеца, за пијано, (1971);
  • Варијации – за пијано, (1972);
  • Додекафонски варијации – за пијано, (1972);
  • Фолк Чакона – за соло гитара, (2008);

Хорско[уреди | уреди извор]

  • Друже Тито – за детски хор, (1957);
  • Стани ми Геле, Ангеле – за еднороден хор, (1957);
  • Јаз‘к јаз‘к – за мешан хор, (1970);
  • Ноќи – за мешан хор, (1971);
  • Тутуноберачите – за мешан хор, (1972);
  • Хумореска „Тиквешанки“ за женски хор, (1977);
  • Јуначка – за женски хор, (1977);
  • Македонски епос – за мешан хор, (1981);
  • Ѕвона – за женски хор, (1982);
  • Камбани, за мешан хор, (1983);
  • Тишина – за женски хор, (1983);
  • Фолклорна кантата „Кумановки“ – за сопран, тенор и мешан хор, (1988);
  • Рамнина, за машки хор, (1989);
  • Капка роса – за женски или детски хор, (1989);
  • Песна за пеперутката – за детски (женски) хор, (1993);

Соло песни[уреди | уреди извор]

Вокални минијатури за глас и оркестар[уреди | уреди извор]

  • Секој нешто знае, (1972);
  • Зимска гатанка, (1972);
  • Тандара бош, (1972);
  • Мама, (1973);
  • Срничка, (1973);
  • Пролетни гости, (1973);
  • На нишалка, (1974);
  • Градинката наша, (1974);
  • Нани, нани, (1974);
  • Игра, (1975);
  • Навредени од жаборок, (1975);
  • Пранвера, (1975);
  • Цвеќенце драго, (1976);
  • Вртоглавица, (1976);
  • Птиците на мирот, (1976);
  • Ешко, (1978);
  • Запеј птицо, (1979);
  • Порака на војникот, (1980);
  • Љубов за Скопје, (1984);
  • Како сум се родил, (1988);
  • Лоша игра, (1989);

Учебници[уреди | уреди извор]

  • Музичко воспитание за петто одделение „Музички семафор“, Просветно дело, Скопје, 1982
  • Muzik egizimi sinif V „Muzik semaforu“, Просветно дело, Скопје, 1985
  • Edukatu muzikore per klasen 5 „Semaforu muzikor“, Просветно дело, Скопје, 1985
  • Музичко воспитување за трета година просветна структура, Просветно дело, Скопје, 1987
  • Солфеж, за прва година уметничка струка – музичка насока, Просветно дело, Скопје, 1987
  • Солфеж за втора година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1987
  • Музичка култура, за втора година културолошко-педагошки смер, Просветно дело, Скопје, 1990
  • Солфеж за трета година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1993
  • Солфеж за подготвително одделение – основно музичко образование, Просветно дело, Скопје, 1993
  • Солфеж за четврта година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1995

Работни тетратки[уреди | уреди извор]

  • Muzik egitimi defteri sinf V, „Semaforu muzikor“ (Просветно дело, Скопје), (1982)
  • Edukatа muzikore per klasen 5 „Muzik Semafori“ (Просветно дело, Скопје), (1982)
  • Тетратка по музичко воспитание за V одделение (Просветно дело, Скопје), (1982)

Наводи[уреди | уреди извор]