Виола

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Виола
виола прикажана од напред и од страна

виола прикажана од напред и од страна
Класификација
Скала
Range viola.png
Сродни инструменти

Виолата е гудачки инструмент, сличен на виолината, само нешто поголем. Кај виолата горната граница на висината на тонот е c3 во оркестарска изведба, а во солистичката достигнува и до а3.

Виолата е помалку виртуозен инструмент, а тонот го одликуваат потемни бои од виолината. Мекиот звук на виолата често се користи за пополнување на внатрешните хармонии.

Постои уште една разлика меѓу овие два инструмента, а тоа е нотацијата. Кај виолата записот на нотите се врши во alt-C клуч, додека кај виолината се врши во виолински.

Виолата е претежно оркестарски и камерен инструмент. Соло литературата за неа е оскудна. Волфганг Амадеус Моцарт ја компонирал Концертната симфонија за виола и виолина, а Хектор Берлиоз ја напишал симфонијата "Харолд во Италија" за соло виола. Исто така, постојат и концертите за виола на Георг Фридрих Хендл и Јохан Кристијан Бах.

Историја[уреди]

Постојат две толкувања за настанувањето на овој инструмент, т.е. неговите претходници. Порано се мислело дека виолата настанала од семејството на стари виоли (XV век): виола да брачо и виола да гамба. Постои уште една виола од оваа група, тоа е виола д’аморе, која е наречена така поради мекоста на својот звук.

Денес се смета дека виолата настанала од лирата да брачо, како нешто поголема варијанта на виолината.

Поврзано[уреди]