Камерна музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Концерт на камерна музика во Моцартеумот во Салцбург, Австрија

Камерна музика е форма на класична музика, компонирана за мала група на инструменти кои традиционално можеле да се сместат во „одаја“ (лат. camera), или приватен салон со интимна атмосфера. По дефиниција во камерната музика нема изведби на соло инструменти.

Ансамбли[уреди | уреди извор]

Ова е делумен список на видовите на ансамбли во камерната музика.

Број на музичари Назив Ансамбли Инструментација Белешки
2 Дуо Пијано дуо 2 пно
Инструментално дуо било кој инструмент и пијано Особено како инструментални сонати; т.е., виолинска, виолончелска, виолска, хорнска, фаготна, кларинетска, флејтна соната).
било кој инструмент и генералбас Често во барокната музика пред пијаното. Генералбасот е секогаш присутен за да даде ритам и придружба, и често се свири на чембало но ова улога може да ја играт и други инструменти.
Дует Пијано дует 1 пно, 4 раце Моцарт, Бетовен, Шуберт, Брамс (оригинални композиции и многубројни транскрипции на сопствените дела); омилената домашна музичка форма, со многубројни транскрипции од други жанрови (опери, симфонии, концерти итн).
Вокален дует глас, пно Често кај уметничката песна или лид.
Инструментален дует 2 било кои инструмента, исти или различни Моцарт - дуети KV 423 и 424 за vn и va и Соната KV 292 за фаг и вч; Бетовен - дуети за va и вч; Барток - дуети за 2 vn.
3 Трио Гудачко трио влн, вла, вч Моцарт - Дивертименто KV 563 е важен пример; Бетовен искомпонирал низа од 5 трија на почетокот од неговата кариера.
Пијано трио влн, вч, пно Хајдн, Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Брамс и многу други.
Глас, виола и пијано Глас, вла, пно Вилијам Болком - трио „Нека вечерта дојде“ за сопран, виола и пијано, и Јоханес Брамс - Две песни за алт со виола и пијано, Оп. 91, за констралт, виола и пијано
Кларинет, виола и пијано кл, вла, пно Моцарт - трио K498, други дела од Роберт Шуман и Макс Брух
Кларинет, виолончело и пијано кл, вч, пно Бетовеново трио Оп. 11, како и неговата транскрипција Оп. 38, на септетот Оп. 20; Брамс - трио Оп. 114, Александар фон Землински - Оп.3.
Глас, кларинет и пијано глас, кл, пно Франц Шуберт - „Овчарот на крапата“, D965, Волфганг Амадеус Моцарт - „Убавата пролет веќе се смее“, KV 580; Спор - „Лид“
Флејта, виола и харфа фл, вла, хрф Познати дела од: Дебиси и Арнолд Бакс. Изум од XX век, сега со изненадувачки голем репертоар. Негова варијанта е флејта, виолончело и харфа.
Кларинет, виолина и пијано кл, влн, пно Воглавно изум на XX век, но со растечка популарност; познати композиции од: Бела Барток, Мијо и Хачатурјан
Хорнско трио хрн, влн, пно дела од XIX век; особено трио во Е♭ Оп. 40 од Брамс
Сопран, хорна и пијано соп, хрн, пно Франц Шуберт - „По текот“
Обоа, кларинет и фагот об, кл, фаг Композитори од XX век
4 Квартет Гудачки квартет 2 влн, вла, вч Многу популарна форма. Бројни важни примери од Хајдн (нејзиниот создател), Моцарт, Бетовен, Шуберт, и многу други водечки композитори.
Пијано квартет влн, вла, вч, пно Моцарт - KV 478 и 493; Бетовеновите композиции во младоста; Шуман, Брамс
Виолина, кларинет, виолончело и пијано влн, кл, вч, пно Ретко; познати примери: Месијан - Квартет за крајот на времињата; помалку познати: Хиндемит (1938), Валтер Рабл (Оп. 1; 1896).
Кларинетски квартет 3 B♭ кларинети и бас кларинет Композитори од XX век
Саксофонски квартет с. сакс, а. сакс, т. сакс, б. сакс или а. сакс, а. сакс, т. сакс, б. сакс Композитори од XX век
Флејтски квартет 4 фл или фл, влн, вла, и вч Примери: Фридрих Кулау, Антонин Рејча, Ежен Боза, Флорент Шмит и Жозеф Жонган. XX век: Дениел Тикер
Дрвени дувачки инструменти и гудачко трио влн, вла, вч и фл, об, кл, фаг Моцарт - четири флејтни квартети и Обоен квартет; Кромер - Флејтни квартети (на пр. опус 75) Кларинетни квартети и Фаготни квартети (на пр. збирка опус 46); Девиан - Фаготен квартет
Трио од Пијано и дувачки инст. пно, кл, хрн, фаг Франц Бервалд - опус 1 (1819)
Глас и пијано трио глас, пно, влн, вч Можеме да најдеме многу лидови од Бетовен на неколку фолклорни корени за таква поставка.
5 Квинтет Пијано квинтет 2 влн, вла, вч, пно Шуман, Брамс, Бела Барток, Шостакович и други
влн, вла, вч, кб, пно Необична инструментација користена од Франц Шуберт во „Пастрмкин квинтет“ како и од Јохан Непомук Хумел и Луиза Фаренк.
Дувачки квинтет фл, кл, об, фаг, хрн XIX век (Рејча, Данци и други) и композитори од XX век
Гудачки квинтет 2 влн, вла, вч со дополнителни вла, вч или кб со 2-ра вла: Михаел Хајдн, Моцарт, Бетовен, Брамс, Брукнер; со 2-ро вч: Бокерини, Шуберт; со кб: Вагн Холмбе, Дворжак.
Дувачки инст. & Гудачки квинтет об, кл, влн, вла, кб Прокофиев - Квинтет во Г-мол Оп.39. Со шест става. (1925)
Лимен дувачки квинтет 2 тр, 1 хрн, 1 трм, 1 туба Главно по 1950.
Кларинетски квинтет кл, 2 влн, 1 вла, 1 вч Моцарт - KV 581, Брамс - Оп. 115, Вебер - Оп. 34, Хиндемит (во кој кларинетистот мора наизменично да свири B♭ и E♭ кларинети) и многу други.
кл, пно лева рака, влн, вла, вч Шмит - камерни дела посветени на пијанистот Паул Витгенштајн (кој свирел само со лева рака), иако денес се свират со две раце, по аранжман на Фридрих Вирер.
Пијано и дувачки квартет пно, об, кл, фаг, хрн Моцарт - KV 452, Бетовен - Оп. 16 и многу други, меѓу кои и две дела од Николај Римски-Корсаков и Антон Рубинштајн. (четирите дувачки инструменти можат да варираат)
6 Секстет Гудачки секстет 2 влн, 2 вла, 2 вч Важни примери: Брамс - секстети Оп. 18 и Оп. 36, и Шенберг - „Преобразена ноќ“, Оп. 4 (првична верзија).
Дувачки секстет 2 об, 2 фаг, 2 хрн или 2 кл, 2 хрн, 2 фаг Моцарт - два типа; Бетовен - типот кл
Пијано и дувачки квинтет фл, об, кл, фаг, хрн, пно Како Пуленк - Секстет, и друг од Лудвиг Тије.
Пијано секстет влн, 2 вла, вч, кб, пно на пр. Менделсон - Оп. 110, како и еден од Лезли Басет. ([1] Архивирано на 15 мај 2006 г.)
кл, 2 влн, вла, вч, пно Пример: Прокофиев - „Увертира на хебрејски теми“ Оп. 34.
7 Септет Дувачки и гудачки септет кл, хрн, фаг, влн, вла, вч, кб Популаризиран од Бетовеновиот Септет Оп. 20, Вервалдовиот Септет и многу други.
8 Октет Дувачки и гудачки октет кл, хрн, фаг, 2 влн, вла, вч, кб Популаризиран од Шубертовиот Октет D. 803, инспириран од Бетовеновиот Септет.
Гудачки октет 4 влн, 2 вла, 2 вч Популаризиран од Менделсоновиот Гудачки октет Оп. 20. Други (меѓу кои следеле и дела од Волдемар Баргил, Џорџе Енеску и пар дела од Димитриј Шостакович).
Двоен квартет 4 влн, 2 вла, 2 вч Два гудачки квартета аранжирани антифонично. Жанр претпочитан од Луј Спор. Дариус Мијо - октет Оп. 291, кој всушност се пар гудачки квартети (неговите 14-ти и 15-ти) во симултана изведба
Дувачки октет 2 об, 2 кл, 2 хрн, 2 фаг Моцарт - KV 375 и 388, Бетовен- Оп. 108, многу компонирани од Франц Кромер.
9 Нонет Дувачки и гудачки нонет фл, об, кл, хрн, фаг, влн, вла, вч, кб Меѓу кои еден од Спор и два од Бохуслав Мартину.
10 Декет Двоен дувачки квинтет 2 об, 2 англ. рог, 2 кл, 2 хрн, 2 фаг (Моцартова збирка) или 2 фл, об, англ рог, 2 кл, 2 хрн и 2 фаг (Енескуева збирка) По Моцартовите Дивертименти KV 166 и 186 тешко е да се најде друг пример за 10 инструменти. Според обичај, повеќе од девет свирачи повеќе не сочинуваат камерен оркестар, но сепак декетот во Д, опус 14 од Џорџе Енеску за 2 флејти, обоа, англиски рог, два каринета, две хорни и два фагота, комп. 1906 би се вброил тука.
Клуч: влн - виолина; вла - виола; вч - виолончело; кб - контрабас; пно - пијано; фл - флејта; об - обоа; англ рог - англиски рог; кл - кларинет; с. сакс - сопран саксофон; а. сакс - алт саксофон; т. сакс - тенор саксофон; б. сакс - баритон саксофон; фаг - фагот; хрн - хорна; тр - труба; трм - тромбон

Стандардниот репертоар за камерни ансамбли е богат, и сета камерна музика се печати во партитури со неврзани листови. Видете ги поединечните статии за секоја комбинација на инструменти за примери за репертоар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • The New Grove Dictionary of Music & Musicians (уред. Stanley Sadie, 1980)

Поврзано[уреди | уреди извор]