Хорна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хорна

Хорна — дувачки инструмент кој води потекло од ловечкиот рог. Обликот на овој инструмент бил менуван и усовршуван. Со додавање на вентили, се зголемиле техничките можности на лимената хорна.

Цевката на хорната е свиткана во форма на круг, во кој се наоѓа сплет на додадени цевки со три или четири вентили. На горниот дел се наоѓа усникот, а долниот дел од цевката е проширен во форма на инка. Хорната е единствен лимено-дувачки инструмент на кој се свири со лева рака.

Хорната звучи нежно, меко и поетично, со големи динамични нијанси и раскошна боја на тонот.

Познат македонски изведувач на хорна е Александар Гошев.