Арам Хачатурјан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Арам Хачатурјан
Биографски податоци
Родено име Арам Илич Хачатурјан
Արամ Խաչատրյան
Аpaм Ильич Xaчaтypян
Роден(а) 6 јуни, 1903
Знаме на Русија
Тбилиси, Грузија, Руско царство
Потекло Ерменец
Починал(а) 1 мај, 1978
Знаме на Руската СФСР
Москва, Русија, СССР (погребан во Ереван, Ерменија)
Занимања Композитор
Диригент

Арам Илич Хачатурјан (ерменски: Արամ Խաչատրյան; руски: Аpaм Ильич Xaчaтypян; 6 јуни 1903 - 1 мај 1978) — прочуен ерменски композитор во чии дела често се среќаваат влијанија од ерменската народна музика.

Живот[уреди]

Арам Илич Хачатурјан е роден во Тбилиси, Грузија (тогаш дел од Руската империја) во сиромашно ерменско семејство. Во неговата младост тој бил фасциниран од музиката околу него, но отпрвин не ја изучувал. Во 1921 тој доаѓа во Москва за да му се придружи на својот брат, без да знае ни збор руски. Иако без речиси никакво музичко образование, Хачатурјан покажал таков голем талент, што бил примен во Гнесинската музичка школа каде учел виолончело кај Михаил Гнесин и каде започнал да учи композиција (1925). Во 1929, тој се префрла на Московскиот конзерваториум каде учи кај Николај Мјасковски. Во 1930-тите се оженил за композиторот Нина Макарова, соученик во класот на Мјасковски. Во 1951, Хачатурјан станува професор на Гнесинскиот државен музичко-педагошки инстутут (Москва) и на Московскиот конзерваториум. Тој исто така држел важни функции во Синдикатот на Композиторите, кој подоцна се изјаснил дека Хачатурјановите дела се „формалистичка“ музика, заедно со делата на Прокофиев и Шостакович. Меѓутоа овие тројца композитори станале т.н. „титани“ на советската музика, уживајќи светска слава како водечки композитори на XX век.

Музика[уреди]

Сцена од балетот Спартак

Во Хачатурјановите дела спаѓаат концерти за виолина, виолончело и пијано , концерт-рапсодии за истите иснтрументи, три симфонии – од кои третата содржи делови за тринесет додатни труби и органа, како и балетите Спартак и Гајана. Во последниот чин на Гајана го среќаваме веројатно најпознатиот став од овој композитор - „Танцот на сабјите“. Хачатурјан компонирал и филмска музика и придружна музика за театарски дела како продукцијата на Лермонтовиот Маскенбал (1941). За високиот филмски квалитет на неговата музика во Спартак сведочи употребата на делото во разни ТВ програми, особено во Британија. Хачатурјан исто така е композиторот на националната химна на Ерменската ССР, чија мелодија е една од петте моментални кандидати за следната химна на Ерменија.

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  • Ehrenburg, I, Khachaturian, A., & Pomerantsev, V. (1953). Three Soviet artists on the present needs of Soviet art. Soviet Studies, 5(4), 427-434.
  • Yuzefovich (Јузефович), V. (1985). Aram Khachaturyan (N. Kournokoff & V. Bobrov, Trans.). New York: Sphinx Press.