Артур Зајс-Инкварт
| Артур Зајс-Инкварт | |
|---|---|
![]() |
|
|
|
|
| Во служба 11 март 1938 – 13 март 1938 |
|
| Претседател | Вилхелм Миклас |
| Претходник | Курт Счусчинг |
| Наследник | Аншлус (Адолф Хитлер како Лидер и Канцелар на Нацистичка Германија) Карл Ренер (1945) |
|
|
|
| Во служба 29 мај 1940 – 7 мај 1945 |
|
| Назначен од | Адолф Хитлер |
| Претходник | Александар фон Фалкенхаусен (воен гувернер) |
| Наследник | - |
|
|
|
| Во служба 30 април – 2 мај 1945 |
|
| Претседател | Карл Доенитс |
| Канцелар | Џозеф Гебелс |
| Претходник | Јоаким фон Рибентроп |
| Наследник | Лутс Граф Шверин фон Кросиг |
|
|
|
| Роден(а) | 22 јули 1892 Стонаров, Моравија, Австро-Унгарија |
| Починал(а) | 16 октомври 1946 Нирнберг, Германија |
| Партија | Национал-социјалистичка германска работничка партија (НСГРП) |
| Сопружник | Гертруд Машка |
| Деца | 3 |
| Професија | Адвокат |
| Вероисповед | Католик |
Артур Зајс-Инкварт (германски: Arthur Seyß-Inquart; 22 јули 1892 — 16 октомври 1946) бил истакнати правник, а подоцна и нацистички службеник во Австрија пред нацистичката окупација од страна на Германија и на Третиот рајх во Полска и Холандија. На Нирнбершкиот процес, Зајс-Инкварт е проглашен виновен за злосторства против човештвото и подоцна бил погубен.
Содржина |
Биографија [уреди]
Рана младост [уреди]
Зајс-Инкварт е роден во Стонаров, мал град во Моравија, тогаш дел од Австро-Унгарија. На неговото раѓање, презимето му било Зајтих[1], по неговиот татко чех кој бил директор на училиште (мајка му била Германка). Во 1907 година неговото семејство се сели во Австрија и го менува презимето во Зајс-Инкварт. Студирал право на Виенскиот универзитет, и дипломирал во 1917 година. На почеткот на Првата светска војна, во август 1914 се пријавил во австро-унгарската војска. Бил на фронтови во Русија, Романија и Италија. Повеќе пати бил одликуван за храброст, а дипломирал додека се опоравувал од повредите.
Во 1911 година, се запознал во Гертруд Машка и се оженил со неа во 1916 година. Имале три деца.
Политичка кариера [уреди]
По војната почнал да работи како адвокат, а во 1921 година отворил и своја пракса. За време на раните години од Првата Австриска Република бил близок со Патриотскиот фронт. Како успешен адвокат бил повикан во кабинетот на канцеларот Енгелберт Долфус на 12 март, 1933 година. По Долфусовото убиство на 25 јули, 1934 година станал државен советник додека пак канцелар бил Курт фон Шушинг. Во почетокот не бил член на Нацистичката партија, но бил наклонет на многу од ставовите и акциите од страна на партијата.[2] До 1938 година, Зајс-Инкварт се придружил на нацистите кога увидел какви би биле политичките струи во блиска иднина.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Артур Зајс-Инкварт“ |
- Биографија на Артур Зајс-Инкварта (англиски)
- Инвидуални одговорности Артура на Зајс-Инкварт на Нирнбершкиот процес (англиски)
Наводи [уреди]
- ↑ (англиски)"Нирнберг:Срамота на судот", Јосеф Е. Персико. Пристaпено: 10 април 2010.
- ↑ Л. Л. Шнајдер, Енциклопедија на Третиот Рајх (1976), МекГрав-Хил, стр. 320
|
|||||||||||||||||
