Ханс Михаел Франк (германски: Hans Michael Frank) (23 мај, 1900 16 октомври, 1946) бил германски адвокат кој работел за Нацистичката партија за време на дваесеттите и триесеттите години од XX век и како висок функционер во Нацистичка Германија. Му било судено во Нирнбершките судења за неговото учество во Холокаустот за време на неговата функција како гувернер-генерал во окупираните територии на Полска. Бил прогласен како виновен за смртта на милиони Пољаци и полски Евреи и бил погубен на 16 октомври, 1946 година.
Воена кариера [уреди]
Септември 1939, Франк е поставен за шев на администрацијата на Герд фон Рундштет во Генералното губернаторство. Од 26 октомври, 1939 година, по инвазијата на Полска, Франк станал регионален водач на окупираните полски територии (Generalgouverneur für die besetzten polnischen Gebiete), што се однесувало на оние области во Полска кои не биле директно припоени со Германија (околу 90,000 km² од 170,000 km² кои припаѓале на Германија). Во СС го добил чинот Обергрупенфирер.
Поврзано [уреди]
|
|
|
| Осудени на смрт |
|
|
| Затворени (казна) |
|
|
| Ослободени |
|
|
| Недосудени |
|
|
|
1 Во отсуство. 2 Се самоубил. 3 Обвинението е повлечено од здравствени причини.
|
|