Ана Ивановна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ана Ивановна | |
| Император на Русија | |
| Роден/а | 7 февруари 1693 Москва, Руска империја |
|---|---|
| Починал/а | 28 октомври 1740 Русија |
Ана Ивановна (руски: Анна Ивановна) била императорка на Русија во периодот од 1730 до 1740 година. Највлијателна фигура во нејзиниот дворец бил Ернст Јохан Бирон. При управувањето на Ана, Русија учествувала во Војната за полското наследство и Руско-турската војна од 1735-1739.
Прогласување за владетел [уреди]
По смртта на Петар II, Врховниот таен совет закажал седница во дворот за да расправа околу идниот владетел на земјата. Во тоа време тој се состоел од пет членови: Головин, Остерман, Алексеј Григоревич, Василиј Лукич Долгоруки и Димитриј Голицин, а биле повикани и маршалот Василиј Владимирович Долгоруки, Михаил Владимирович Долгоруки и Михаил Голицин. Алексеј Долгоруки го покажал тестаментот на Петар според кој тој престолот го предава на својата сопруга. Но Димитриј Голицин како кандидат ја претставил Ана Ивановна, ќерка на Иван V. Освен предлогот тој истовремено и поставил и услови според кои ќе се ограничи нејзината власт во корист на Врховниот таен совет. По мали дискусии, советот го прифатил неговиот предлог. Според предложените услови:
- Ана доколку биде симната од престолот нема повторно да се омажи и на тој начин да го именува следниот владетел, на тој начин што изборот на следниот владетел ќе биде преку избори
- Во текот на своето владеење бројот на советниците треба да биде осум членови, и без нивна дозвола таа нема да има моќ да објави војна ниту да склучи мир
- нема да има право на воведување нови даноци, да конфискува имоти или да разделува државни имоти
Членовите на советот одлучиле овие реформи да се направат во што поголема тајност. Сепак нивната тајност многу брзо излегла меѓу народот. Како и да е, Ана го прифатила предлогот на Тајниот совет а заседанието се одржало во присуство на советот, синодот, сенатот во почетокот на февруари. Кон крајот на февруари Ана пристигнала во Москва каде со помош на Остерман започнал процесот за воспоставување на повторна автократија. Неговите агенти започнале да работат меѓу аристократите на тоа дека царицата треба да ги поништи условите кои претходно ги потпишала.
| Руски владетели | ||
| Руски кнезови и цареви (1283–1547) | Даниел Московски • Јуриј III • Иван I • Симеон • Иван II • Димитриј Донски • Василиј I • Василиј II • Иван III • Василиј III • Иван IV • Фјодор I • Борис Годунов • Фјодор II • Лажен Димитриј I • Василиј IV • Михаил Романов • Алексеј I • Фјодор III • Иван V • Петар I | |
| Императори на Русија (1721–1917) | Петар I • Катерина I • Петар II • Ана Ивановна • Иван VI • Елисавета Петровна • Петар III • Катерина II • Павле I • Александар I • Николај I • Александар II • Александар III • Николај II | |
| Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) | Владимир Ленин • Јосиф Сталин • Георгиј Маленков • Никита Хрушчов • Леонид Брежнев • Јуриј Андропов • Константин Черненко • Михаил Горбачов | |
| Претседатели на Русија (1991–) | Борис Елцин • Владимир Путин • Димитриј Медведев • Владимир Путин | |