Аеродром Венеција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Марко Поло Венеција
Aeroporto di Venezia Marco Polo
Venice Marco Polo Airport
Marco Polo airport.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
04R/22L 10,827 3,300 Асфалт
04L/22R 9,121 2,780 Асфалт

Аеродромот во Венеција (IATA: VCE, ICAO: LIPZ), познат и како Аеродром Марко Поло, е аеродром лоциран 8 километри северно од Венеција, Италија, во месноста Тесера, дел од општината Венеција, близу гратчето Местре. Аеродромот е именуван по Италијанскиот морепловец Марко Поло, кој се смета за првиот Европеец кој ја открил Кина. Со 8,602,652 патници опслужени во 2008 година, го завзема третото место во Италија. Аеродромот е опслужен со еден модерен терминал, отворен во 2002 година, и кој веќе доаѓа до својот максимум, опслужувајќи ги сите редовни и чартер линии, како и интерконтинентални летови до Канада, САД и Блискиот Исток. Со аеродромот раководи SAVE S.p.A., компанија која го раководи и аеродромот во Тревизо. Аеродромот е исто така ставен на берзата во Милано, позната како Borsa Italiana. Аеродромот е поврзан со блиската железничка станица Венеција-Местре, автобуска станица, како и водено такси до Плоштадот Свети Марко.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Карго дестинации[уреди]

Airside of the terminal building

Надворешни врски[уреди]