Air Dolomiti

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Air Dolomiti
Air Dolomiti B463 I-ADJF.jpg
IATA
EN
ICAO
DLA
Ознака
DOLOMITI
Формирана 1989
Хабови Аеродром Верона
Аеродром Венеција
Секундарни хабови Аеродром Минхен
Редовна програма на лет Miles & More
Чекална Senator Lounge
Соработки Star Alliance
Големина на флота 19 (+ 6 нарачки)
Дестинации 21
Родителска компанија Луфтханза
Седиште Верона, Италија
Клучни луѓе
Вебсајт: http://www.airdolomiti.it/

Air Dolomiti L.A.R.E. S.p.A е регионална авиокомпанија со седиште во Верона, Италија. Дел е од Луфтханза Регионал, и поврзива 11 италијански градови плус Виена со мрежата на Луфтханза преку Минхен и Франкфурт. Главни бази се аеродромите во Верона и Трст, со централа на аеродромот во Минхен. Името на авиокомпанијата потекнува од дел од Алпите наречени Доломити.

Историја[уреди]

Air Dolomiti беше основана во Јануари 1989 година од страна на Leali Steel групацијата. Започна со регионални летови во јануари 1991 со првата линија Трст - Џенова, додека во 1992 година започна со меѓународни летови до Виена и Минхен. По неколку години на кооперација, Луфтханза откупи 26% од сопственичкиот пакет во јануари 1999 и го зголеми на 52% во април 2003, додека со целосен сопственички пакет се здоби во јули 2003. Од тогаш Air Dolomiti е контролирана од страна на Луфтханза како член на Луфтханза Регионал, стратешка кооперација помеѓу пет Европски регионални авиокомпании (Air Dolomiti, Augsburg Airways, Contact Air, Eurowings и Lufthansa CityLine). Авиокомпанијата има околу 552 вработени, и истотака си го има зачувано своето оригинално име, и покрај тоа што е дел од групацијата Луфтханза.

Дестинации[уреди]

ATR 72

Флота[уреди]

Сите воздухоплови на Air Dolomiti се именувани по познати Италијански културни дејци.

ATR 42-500[уреди]

    • I-ADLL (c/n 518, "La Rondine di Giacomo Puccini")
    • I-ADLP (c/n 604, "Falstaff di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLQ (c/n 606, "Elisir d’Amore di Gaetano Donizetti")
    • I-ADLU (c/n 609, "Luisa Miller di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLV (c/n 610, "Don Carlo di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLZ (c/n 611, "Lucia di Lammermoor di Gaetano Donizetti")

ATR 72-212A[уреди]

    • I-ADLJ (c/n 686, "Il Trovatore di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLK (c/n 706, "Il Barbiere di Siviglia di Gioachino Rossini")
    • I-ADLM (c/n 543, "Tosca di Giacomo Puccini")
    • I-ADLN (c/n 557, "Turandot di Giacomo Puccini")
    • I-ADLO (c/n 585, "La Boheme di Giacomo Puccini)
    • I-ADLS (c/n 634, "Ernani di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLT (c/n 638, "Otello di Giuseppe Verdi")
    • I-ADLW (c/n 707, "La Gazza Ladra di Gioachino Rossini")

BAe 146-300[уреди]

    • I-ADJF (c/n E3193, "Aida di Giuseppe Verdi")
    • I-ADJG (c/n E3169, "Nabucco di Giuseppe Verdi")
    • I-ADJH (c/n E3129, "Madame Butterfly di Giacomo Puccini")
    • I-ADJI (c/n E3149, "Rigoletto di Giuseppe Verdi")
    • I-ADJJ (c/n E3155, "La Traviata di Giuseppe Verdi")


Аirbus A319[уреди]

На 11 Сепетември, 2008, Луфтханза објави дека Air Dolomiti ќе започне сервис од аеродромот Милано Малпенза со 6 Airbus A319 авиони.

Ембраер 195[уреди]

Луфтхнза пласираше нарачка на 6 авиони, кои ќе бидат оперирани од страна на Air Dolomiti, кои се очекуваат да влезат во сервис во 2009. Тие ќе сообраќаат од Милано Малпенза, со што ќе ја надополнат "дупката" што ја остави Алиталија по нејзиниот економски крах.

Несреќи и инциденти[уреди]

  • На 7 Ноември, 1999, Air Dolomiti лет 2708, Фокер 100, изнајмен од Alpi Eagles, кој сообраќаше на линија од Венеција до Барселона, слета со блокирано предно тркало, без некоја значителна штета.
  • На 24 Август, 2008, Air Dolomiti ATR 72, кој оперираше на линија Минхен - Болоња, го откажа полетувањето откога пилотот забележа чад во кабината.