Ѓавато (Богданско)
Оваа статија се однесува на селото во Општина Богданци. За други географски поими, видете ја статијата Ѓавато.
| Ѓавато | |
| Координати41°11′44″N 22°32′12″E / 41.19556°N 22.53667°EКоординати: 41°11′44″N 22°32′12″E / 41.19556°N 22.53667°E | |
| Општина | Општина Богданци |
| Географски регион | Бојмија |
| Население (2002) | 438 жители |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 60 m |
| Селска слава | |
Ѓавато (понекогаш се среќава и како Ѓавото) е село во Општина Богданци, во околината на градот Богданци. Селото се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, во областа Бојмија, на левата страна на реката Вардар.
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Ѓавато се наоѓа во западната зона на територијата на Општина Богданци, непосредно од левата страна на реката Вардар. Се наоѓа во областа Бојмија, недалеку од Гевгелија, од кој е одалечена 9 километри. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 60 метри. Атарот на селото граничи со Општина Гевгелија и зафаќа 13,8 квадратни километри.
Во атарот на селото се наоѓаат пумпи на хидросистемот Ѓавато кој функционира од 2002 година како резултат на напорите за спас на Дојранското Езеро.
[уреди] Историja
Името на селото Ѓавато е добиена од именка од грчко потекло, со значење, "премин".
Кон крајот 19 век, кога Македонија била во состав на Отоманската империја, во селото се бележи револуционерна дејност на ВМРО. На 31 август 1905, легендарниот гевгелиски комита Леонид Јанков со уште двајца свои другари бил предаден и опколен од триилјадна турска восјка кај местото Ѓуров Дол во селото Ѓавато, по што си го одземал животот. На почетокот на 20 век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија.
[уреди] Економија и инфраструктура
Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 405,7 хектари, пасиштата зафаќаат 174,6 хектари, додека 592,1 хектари се шуми. Во селото функционираат продавници и земјоделска задруга.
Во есента 2008 година околината на селото го зафаќаат пожари. [1] Истата есен, извршени се работи за чистење на приближно 1,2 км од коритото на реката Вардар и негово пренасочување, со цел да се избегне евентуално поплавување на на автопатот Е75 или пак загрозување на бунарите на хидросистемот Ѓавато. [2]
Планирана е изградба на водовод на потегот Ѓавато - Богданци во должина од 5 километри, со кој би се комплетирала водоводната мрежа на Општина Богданци и би се решиле проблемите со водоснабдувањето за следните 30 години. [3]
[уреди] Демографија
Ѓавато е село со средна големина и во 1961 година бројот на жители изнесувал 554. Во 1994 година бројот се намалил на 485 жители - 481 Македонци, двајца Срби и двајца припадници на другите националности и неизјаснети. Според пописот во 2002 година, бројот на жителите незначително се намалил на 438. Етничката структура е прикажана во табелата:
| Националност | Вкупно |
| Македонци | 407 |
| Срби | 21 |
| други | 4 |
| неизјаснети | 6 |
[уреди] Општествени институции
- Основно училиште до четврто одделение
- Амбуланта
- Дом на култура
- Младински дом
[уреди] Администрација и политика
За време на избори се гласа во младинскиот дом.
[уреди] Културни и природни знаменитости
- Црква Успение на Пресвета Богородица. Црквата е подигната во 1834 година, а обновена е во 1893 година од Андон Китанов. Таа пред почетокот на Првата светска војна била опожарена, но ѕидовите биле сочувани. Подоцна таа е обновена. Според својата архитектурната форма, црквата е трикорабна, со надвишен централен кораб и дрвени тавани во трите кораби. Храмот е долг околу единаесет метри и има покривна конструкција (на две води) потпрена на два реда колони со дрвени столбови. Црквата не е живописана по обновувањето, но има убав иконостас, изработен во поново време, составен од стари и нови икони. Старите икони датираат од 19 век. [4]
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Литература
- Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 118-119 стр.
|
|||||||