Чочек
Чочек (албански: çyçek/qyqek; српски и македонски: чочек; бугарски: кючек) ― музички жанр и танц што се појавил на Балканот во почетокот на 19 век. Тој е истакнат во репертоарот на многу ромски дувачки плех-бендови.[1]
Чочекот потекнува од отоманските воени чети, кои во тоа време биле распространети низ регионот, најмногу низ Србија, Бугарија, Македонија и Романија. Тоа довело до евентуална сегментација и широк опсег на етнички подстилови на чочекот. Чочек бил пренесуван низ генерациите, зачуван претежно од ромските малцинства, а главно бил игран на селските свадби и банкети.
Чочекот е особено популарен меѓу муслиманското ромско и албанско население во Косово, Јужна Србија и Македонија. Кога „Танец“ првпат дошол во Соединетите Држави во 1956 година, тие го извеле чочекот како муслиманско оро наречено „Ќупурлика“ од Титов Велес.
Чочекот, како вообичаен музички облик на Балканот (првенствено Бугарија и Македонија), е вообичаено оро со 9
8 временска сигнатура; два варијантни облици имаат отчукувања поделени 2-2-2-3 и 2-2-3-2. (Овој последен метар понекогаш се нарекува „циганско 9“.) Ромските музичари кои живеат во областите на поранешна Југославија го прошириле обликот за да вклучат варијации во 4
4 и 7
8.
Во меѓународната заедница за народни танци, чочекот е игран на многу мелодии. Танците во жанрот чочек се Јени јол и Са са.
Џез композиторот и музичар Дејв Брубек бил под влијание на темпоата налик на чочек. На пример, „<i>Blue Rondo à la Turk</i>“, од албумот <i id="mwNg">Time Out</i>, е напишана по 9
8 и 4
4 шема.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Laurens Hartong, Jan (2006). Musical Terms World Wide: A Companion for the Musical Explorer. Semar Publishers Srl. стр. 100. ISBN 9788877780904.
- ↑ „Rediscovering Dave Brubeck“. Посетено на 8 април 2023.