Флејта
Флејта или флаута е дувачки музички инструмент. Во поширока смисла на зборот, флејтата е цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичарот што свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите.
По држењето, разликуваме два основни вида на флејти: вертикална флејта (блок флејта), и хоризонтална флејта. Кај хоризонталните флејти, влезниот отвор не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, на странична страна, и во него се дува откосо за да се образува писка, бидејќи овој тип ја нема (за разлика од вертикалните флејти), и се дува во т.н. прозорче. Изведувачката техника е многу развиена и ова е еден од најфлексибилните и највиртуозните инструмент. Исто така, флејтата и експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук.
Флејтите се изработуваат од најразлични материјали: коска, дрво, камен, метал, пластика, итн.
Потеклото на флејтата може да се бара во праисторијата.
Флејтата како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Флејта ’рбет“ (Флейта-позвоночник) - поема на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[1]
- „Волшебната флејта“ - опера на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 218-228.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|