Дувачки инструмент
Дувачки инструменти се инструменти кои го произведуваат тонот со дување, обично од устата и белите дробови на свирачот. Дувачките инструменти претставуваат едно голема и разнолико семејство. Се разликуваат по облик, материјал, начин на дување и улога. Тие спаѓаат во аерофони инструменти.
Бројот на дувачи инструменти во оркестарот зависи од големината и видот на оркестарот како и од потребите на композицијата, т.е. на композиторот кој го создава делото.
Во симфониски оркестар зад гудачите се наоѓаат свирачи на дрвени дувачки инструманати и рогови, а во последниот ред се наоѓаат свирачите на лимени дувачки инструменти (види слика).
Поделба на дувачки инструменти
[уреди | уреди извор]Зависно од материјалите од кои се произвeдени, дувачките инструменти се делат на две основни групи:[1]
1. Дрвени дувачки инструменти, во кои спаѓаат:
- сите видови на флејти. Тонот кај нив се произведува со дување во мали кружни влезни отвори.
- сите видови на обои. Тонот кај нив се произведува со дување во двојни писки.
- англиски рог, на кој тонот се произведува исто така со дување во двојни писки.
- сите видови на кларинети. На нив тонот се произведува со дување во клунести усник со единечна писка.
- сите видови на саксофони. На нив тонот се произведува со дување во клунести усник со единечна писка.
- сите видови на фаготи. На нив тонот се произведува со дување во двојни писки.
2. Лимени дувачки инструменти, на кои тонот се произведува со дување во метален усник. Тука спаѓаат:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Baines, Anthony (1961). Musical Instruments Through the Ages. Harmondsworth: Pelican.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дувачки инструмент“ на Ризницата ? |