Бели крвни зрнца: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Менува: no:Hvit blodcelle
Ред 64: Ред 64:
[[nl:Witte bloedcel]]
[[nl:Witte bloedcel]]
[[nn:Kvite blodceller]]
[[nn:Kvite blodceller]]
[[no:Leukocytter]]
[[no:Hvit blodcelle]]
[[pam:Leukocyte]]
[[pam:Leukocyte]]
[[pl:Leukocyt]]
[[pl:Leukocyt]]

Преработка од 01:07, 10 декември 2009

Леукоцитите (leukos- бело) се белите крвни клетки кои се составен дел на крвта, но ги има и во лимфата и меѓуклеточната течност. Тоа се амебовидни клетки со јадра. Тоа се клетки што во себе содржат повеќе ензими кои ги разградуваат материите што ќе навлезат во нив. Леукоцитите се создаваат во коскената срцевина, органите на РЕС, тимусот, слезината и лимфните јазли. Учествуваат во имунитетот, вклучувајќи го и клеточниот. Леукоцитите ги има повеќе видови. Врз основа на нивната големина, формата и гранулите во нивните јадра, има гранулоцити и агранулоцити. Можноста за менување на формата и одбранбената функција на леукоцитите во организмот, се во врска со способноста за амебовидно движење, дијапедеза и хемотаксија.

Видови на леукоцити

Постојат многу различни видови на леукоцити:

Гранулоцити

Гранулоцитите се категорија на леукоцити кои се разликуваат по различното обојување на гранулите во нивната цитоплазма на светлински микроскоп. Има три видови на гранулоцити: неутрофилни, базофилни и еозинофилни (именувани по бојата).

Лимфоцити

Лимфоцитите се најзастапени клетки во лимфниот систем и во нив се вбројуваат т.н. К клетки убијци. Крвта има три видови на лимфоцити: В клетки, Т клетки и природни клетки убијци. B клетките произведуваат антитела кои се сврзуваат со антигените за да ги уништат. Помошните Т клетки го координираат имуниот одговор (тие постануваат дефектни при ХИВ инфекција). Цитотоксичните Т клетки и природните клетки убијци се способни да ги уништат клетките во телото кои се инфицирани од вирус.

Моноцити

Моноцитите сврзуваат делови од антигенот за дадена Т клетка за да на тој начин антигенот биде препознаен при повторна инфекција и убиен. Моноцитите се познати и како макрофаги откога ќе го напуштат крвотокот и ќе навлезат во ткивата.