Прејди на содржината

Амеба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амеба
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Царство: Protista
Колено: Tubulinea
Ред: Tubulinida
Семејство: Amoebidae
Род: Amoeba
Bory de Saint-Vincent, 1822
Species

Amoeba proteus

Амоебата (може да се најде како амоеба или амеба, во множина како амоеби) е ген на Протозоите.

Терминологија Постојат многу блиски поими кои би биле причина за забуни: • Амеба е Gен кој вклучува видови како Протеус Амебата • Амоебидае е Фамилија која го вклучува и генот на Амебата заедно со многу други. • Амоебозоа е Филим кој ја вклучува фамилијата Амоебидае заедно со многу други. • Амоебоиди се организми кои се движат лазејќи. Многу(но не сите) амоебoиди се всушност Амоебозои.

Историја

[уреди | уреди извор]

За пронаоѓач на амебата се смета Август Јохан Росел вон Росенхоф во 1757ма. Раните природонаучници првично ја именувале како Протеус анималкуле, по грчкиот бог Протеус, кој можел да си го менува изгледот. Името “amibe” било дадено од Бори д Сеинт-Винсент, од Грчкото амоибе,што значело промена. Диентамоеба фрагили била првично објаснета во 1918та и била потенцирана како штетна за луѓето.

Анатомија

[уреди | уреди извор]

Клеточните органели и цитоплазма се заградени со клеточна мембрана; а таа се прехранува преку фагоцитоза. Ова ги прави амебите хетеротрофни. Амебите имаат единствен голем цилиндричен псевдопод(привремени проекции на еукариотични клетки кои и служат за движење) на долниот крај како и неколку второстепени кои се протегаат по страните. Најпознатиот вид, Амеба протеус, во просек стигнува должина од 220-740 микрометри додека се движи, што ја прави џин меѓу амебоидите. А неколку амебоиди кои припаѓаат во друг ген можат да пораснат и повеќе, како што се Громиа, Пеломикса и Хаос.

Најпрепознатлива одлика на амебите се нивните јадра(едно или повеќе) и проста контрактилна вакуола за да ја одржува осмотската рамнотежа. Храната дигестирана од амебата е складирана и варена во вакуолите. Амебите, исто како и други едно-клеточни еукариоти се размножуваат асексуално преку митоза или цитокинеза, што се разликува од бинарната физија, преку која прокариотите (бактериите) се размножуваат. Во случаи кај што амебите се насилно делени, делот којшто го задржува јадрото преживува и создава нова клетка и цитоплазма, додека другиот дел умира. Исто така, амебите немаат дефинирана форма.

Амебата е впечатлива поради нејзниот многу голем геном. Видот Амеба протеус има 290 билиони првични парови во својот геном, додека блискиот вид, Полихаос дубиум(претходно познат како Амеба дубиа) има 670 билиони првични пара. Човечкиот геном споредбено е многу мал, со само 2.9 билиони пара.

Осморегулација

[уреди | уреди извор]

Како многу други протисти, амебите имаат контрактилен вакуолен систем. Амеба протеус, слободни, водни видови на амеба имаат една контрактилна вакуола(КВ), која е и органела зависна од мембрана. КВ се полни споро со вода од цитоплазмата(дијастолата), и додека се спојува со ќеличната мембрана, брзо контрактира испуштајќи ја водата во надворешноста(систолата) преку егзоцитоза. Овој процес ја контролира количината вода присутна во цитоплазмата на амебата т.е е средство на осморегулација.

Веднаш откако КВ ќе ја истера водата, нејзината мембрана се стуткува и скоро, после тоа, околу неа се појавуваат многу мали вакуоли и везикули. Се смета дека овие везикули се одделуваат од самата мембрана на КВ. Малите везикули како што се полнат со вода така и постепено растат, а потоа се спојуваат со мембраната, која расте во големина како што се полни со вода. Следствено, функцијата на овие бројни мали везикули е да збираат дополнителна цитоплазмична вода и да ја насочуваат кон централната КВ. КВ се подујува на неколку минути и потоа преку контракции ја исфрла водата надвор. Потоа циклусот се повторува пак.

Мембраните на малите везикули како и мембраната на КВ содржат аквапорински белковини во нив. Овие трансмембрански белковини го олеснуваат протокот на водата низ мембраните. Присуството на аквапоринските белковини во КВ и малите визикули наведува на тоа дека собирањето на водата се случува заемно во КВ мембраната и преку функцијата на визикулите. Иако, везикулите, предвид нивната бројност и големина, би дозволиле побрза спроведливост на водата поради големината на нивната целосна површина.

Малите везикули исто така содржат и друга белковина во нивната мембрана: Вакуолар- тип Х+ -АТПаза или В-АТПаза. Оваа АТПаза пумпа Х+ јони во луменот на везикулата, намалувајќи ја нејзината пХ вредност освен цитозолот. Но, пХ вредноста на КВ во некои амеби е само благо кисела, укажувајќи дека Х+ јоните се одземаат од КВ или од везикулите. Се смета дека електрохемискиот раст генериран од В-АТПазата може да се користи за транспорт на јони(се претпоставува К+ и ЦЛ+) во везикулите. Ова создава осмотски раст низ целата визикулна мембрана, водејќи до продир на вода од цитозолот во везикулите преку осмоза, која е олеснета преку аквапоринот.

Бидејќи овие везикули се спојуваат со централната контрактилна вакуола, која ја исфрла водата, јоните завршуваат тргнати од клетката, што не е корисно за воден организам. Одземањето на јоните со водата мора да биде компензирано со некој сè уште непознат механизам.

Како останатите клетки, на амебите негативно влијае зголемениот осмотски притисок создаден од екстремно солена или лесна вода. Амебите }е го сопрат протокот на сол во солена вода, резултирајќи со губиток на нето водата бидејќи клетката станува изоматична со средината, предизвикувајќи ја клетката да се намали. Ставена во чиста вода, амебите исто така ќе пробаат да ја стигнат концентрацијата на околната вода, предизвикувајќи ја клетката да подуе,a и некогаш да пукне ако водата околу амебата е многу лесна.

Амебични цисти

[уреди | уреди извор]

Во средините што се потенцијално смртоносни по клетката, амебата може да стане неактивна, оформувајќи се во топка и лачејќи заштитна мембрана за да стане микробијална циста. Клетката останува во таа состојба додека не најде подобри услови. Додека е во форма на циста, амебата нема да се реплицира и може да умре ако не може да излезе во подолг период.

Амебата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Амеба“ (англиски: Amoeba) — песна на американската панк-рок група Адолесентс (Adolescents) од 1981 година.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]