Калорија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
#WPWP #WPWPMK |
с →Разлики: Исправена предлошка, replaced: цмс → нмс |
||
Ред 71: | Ред 71: | ||
≈ {{convert|4.182|J|kWh|disp=output only}} |
≈ {{convert|4.182|J|kWh|disp=output only}} |
||
≈ {{convert|4.182|J|eV|disp=output only}} |
≈ {{convert|4.182|J|eV|disp=output only}} |
||
| Овој сооднос е усвоен од Комитетот за номенклатура на Меѓународниот сојуз за исхранбени науки (IUNS).<ref>{{ |
| Овој сооднос е усвоен од Комитетот за номенклатура на Меѓународниот сојуз за исхранбени науки (IUNS).<ref>{{нмс |url=http://www.fao.org/docrep/meeting/009/ae906e/ae906e17.htm |author=FAO |authorlink=FAO |title=Усвојување на џулот како единица за енергија |year=1971}} {{en}}</ref> |
||
|} |
|} |
||
Преработка од 10:46, 13 април 2021
Калорија е единица за енергија надвор од и постара од системот SI. Нејзин твоец е францускиот научник Никола Клеман (1779-1842) кој во 1824 ја осмислил како единица за топлина[1] Во највеќето научни области калоријата уште поодамна е заменета со џулот, па така денес главно се користи за изразување на енергетската вредност на храната.
Дефиниција
Постојат две разни дефиниции за калорија:
- мала карлорија или грам-калорија (симб. cal, кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C.[3] Ова е еднакво на ~ 4,2 џули.
- голема калорија, килограм-калорија, прехранбена калорија (симб. Cal, Кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C. Ова изнесува точно 1000 мали калории или околу 4,2 килоџули.
Грам-калоријата како единица е премала за да биде корисна во исхраната, па затоа се користи килокалорија (симб. kcal) или големата калорија. Во овој контекст, поимите „калорија“ и „килокалорија“ се истоветни.
Разлики
Енергијата потребнна за покачување на температурата на извесна маса вода за 1 °C зависи од почетната температура и тешко е да се измери точно. Затоа постојат неколку дефиниции за калорија. Најзастапените дефиниции во постарата литература се калоријата на 15 °C и термохемиската калорија.
Факторите на претворање на калориите во џули се бројчено еквивалентни на со изразената специфичната топлина на водата во џули по грам или килограм.
Име | Симбол | Претворање | Белешки |
---|---|---|---|
Термохемиска калорија | calth | ≡ 4,184
≈ 0,003964 ≈ 1,163⋅10-6 ≈ 2,611⋅1019 |
[4] |
Калорија на 4 °C | cal4 | ≈ 4,204 J
≈ ≈ 1.168×10−6 kWh ≈ 2.624×1019 eV |
количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 3,5 °C на 4,5 °C при стандарден атмосферски притисок. |
Калорија на 15 °C | cal15 | ≈ 4,1855 J
≈ 0,0039671 BTU ≈ 1.1626×10−6 kWh ≈ 2.6124×1019 eV |
количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 14,5 °C на 15,5 °C при стандарден атмосферски притисок (101,325 kPa). Експерименталните вредности на калоријата се движеле од 4,1852 J to 4,1858 J. Во 1950 комитетот на МБТМ ја објавил средната експериментална вредност 4,1855 J, со неодреденост од 0,0005 J.[4] |
Калорија на 20 °C | cal20 | ≈ 4,182 J
≈ 0,003964 BTU ≈ 1.162×10−6 kWh ≈ 2.610×1019 eV |
количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 19,5 °C на 20,5 °C при стандарден атмосферски притисок. |
Средна калорија | calсред | ≈ 4,190 J
≈ 0,003971 BTU ≈ 1.164×10−6 kWh ≈ 2.615×1019 eV |
1⁄100 од количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 0 °C на 100 °C при стандарден атмосферски притисок. |
Меѓународна парна калорија (1929) | ≈ 4,1868 J
≈ 0,0039683 BTU ≈ 1.1630×10−6 kWh ≈ 2.6132×1019 eV |
1⁄860 „меѓународни ват-часови“ = точно 180⁄43 „меѓународни џули“.[5] | |
Меѓународна парна калорија (1956) | calIT | ≡ 4,1868 J
≈ 0,0039683 BTU ≈ 1.1630×10−6 kWh ≈ 2.6132×1019 eV |
1,163 mW·h = точно 4,1868 J. Оваа дефиниција е усвоена на V Меѓународна конференција за својствата на пареата (Лондон, јули 1956).[4] |
IUNS калорија | ≡ 4,182 J
≈ 0,003964 BTU ≈ 1.162×10−6 kWh ≈ 2.610×1019 eV |
Овој сооднос е усвоен од Комитетот за номенклатура на Меѓународниот сојуз за исхранбени науки (IUNS).[6] |
Наводи
- ↑ Етимологија: француски calorie, од латинскиот збор calor = „топлина“.
- ↑ 2,0 2,1 calorie - Merriam-Webster
- ↑ „калорија“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Меѓународен стандард ISO 31-4: Величини и единици – Дел 4: Топлина. Прилог B (информативно): Другите единици се дадени информатицно, особено што се однесува до факторот на претворање. Меѓународна организација за стандардизација, 1992.
- ↑ Figure depends on the conversion factor between „меѓународни џули“ и „апсолутни“ (современи) џули. Користејќи го средниот меѓународен ом и волт (1,00049 Ω, 1,00034 V [1]), меѓународниот џул изнесува околу 1,00019 J, што дава вредност од 4,18674 J
- ↑ FAO (1971). „Усвојување на џулот како единица за енергија“. (англиски)