Организација за храна и земјоделство на ООН

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од FAO)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Организација за храна и земјоделство на ООН
Emblem of the United Nations.svg
FAO logo.svg
Амблемот на FAO со нејзиното латинско мото, Fiat Panis („Нека има леб“)
КратенкаFAO
Основана16 октомври 1945 во Рим
ТипСпецијализирана агенција
Правен статусактивна
СедиштеИталија Рим, Италија
ШефКина Ку Донгју
Матична организацијаECOSOC
Мреж. местоfao.org

Организацијата за храна и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на Обединетите Нации за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО им помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.

ФАО има осум оддели:

  • Земјоделство и заштита на потрошувачите
  • Економски и социјален развој
  • Рибарство и водостопанство
  • Шумарство
  • Човечки, финансиски и физички ресурси
  • Знаење и комуникации
  • Управување со природни ресурси и
  • Заштита на околината и техничка соработка.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]