Уве Зелер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Клупска кариера: clean up, replaced: language = Italian → language = it using AWB
с →‎top: Стилска исправка, replaced: ) е → ) —
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Uwe Seeler – Tag der Legenden 2016 03.jpg|мини|Уве Зелер]]
[[Податотека:Uwe Seeler – Tag der Legenden 2016 03.jpg|мини|Уве Зелер]]
'''Уве Зелер''' ([[германски јазик|германски]]: ''Uwe Seeler''; [[5 ноември]] [[1936]], [[Хамбург]]) е поранешен [[германски]] [[фудбал]]ер, кој играл на позицијата [[Напаѓач (фудбал)|напад]]. Во 2004 година [[Пеле]] го рангирал меѓу [[ФИФА 100|125 најдобри фудбалери на сите времиња]], но Уве Зелер поради неговиот принцип одбил да учевствува во тој проект.
'''Уве Зелер''' ([[германски јазик|германски]]: ''Uwe Seeler''; [[5 ноември]] [[1936]], [[Хамбург]]) поранешен [[германски]] [[фудбал]]ер, кој играл на позицијата [[Напаѓач (фудбал)|напад]]. Во 2004 година [[Пеле]] го рангирал меѓу [[ФИФА 100|125 најдобри фудбалери на сите времиња]], но Уве Зелер поради неговиот принцип одбил да учевствува во тој проект.


== Клупска кариера ==
== Клупска кариера ==

Преработка од 13:01, 11 јули 2020

Уве Зелер

Уве Зелер (германски: Uwe Seeler; 5 ноември 1936, Хамбург) — поранешен германски фудбалер, кој играл на позицијата напад. Во 2004 година Пеле го рангирал меѓу 125 најдобри фудбалери на сите времиња, но Уве Зелер поради неговиот принцип одбил да учевствува во тој проект.

Клупска кариера

Уве Зелер започнал како играч на ФК Хамбург, наследник на неговиот татко Ервин Зелер. Дебитирал за првиот тим на Хамбургер со само 16 години во 1953 година на натпреварот против Гетинген. Бил познат по атрактивните голови, како и по добрата игра со глава имајќи висина од само 169 центиметри.[1] Во Бундеслига постигнал 137 голови на 239 натпревари, а во европските клупски натпреварувања постигнал 21 голови во само 29 натпревари. Со наговиот клуб го освоил првенството на Германија во 1960 година и Куп на Германија во 1963 година. Со 30 голови бил је најдобар стрелец во првата сезона во Бундеслига 1963/64, а 3 пати бил прогласуван за најдобар играч на Германија: 1960, 1964 и 1970. Сезоната 1960/61 година заедно со својот брат Дитер, кој је исто така играл во Хамбург, стигнал до полуфиналето на Лига на шампиони каде Хамбург испаднал од Барселона. Сезоната 1967/68 стигнал до финалето Куп на победници на куповите каде Хамбург изгубил од Милан.[2]

Репрезентативна кариера

Статуа на десната нога на Зелер пред стадионот во Хамбург

Зелер со репрезентација на Германија дури 4 пати учествувал на Светското првенство: 1958, 1962, 1966 и 1970. На првенството 1958 година Германија завршила на 4то место, 1966 Германија дошла до финалето каде изгубила од Англија после спорниот погодок, а 1970 година завршила трета на првенството, за пласман во финале ги спречила Италија која ги победила во познатата „Утакмица на векот”. На првенствата 1966 година и 1970 година Зелер бил капитен на репрезентацијата. За репрезентацијата се вкупно одиграл 72 натпревари и постигнал 43 гола.

Трофеи

Хамбургер

Индивидуални

  • Фудбалер на годината во Германија: 1960, 1964, 1970
  • Најдобар стрелец Бундеслига: 1963/64
  • Дел на тимот од Светскто првенство: 1966
  • ФИФА 100

Наводи

  1. „Seeler: Germany legend, Hamburg icon“. FIFA.com. 20 June 2013. Посетено на 14 October 2013.
  2. „Uwe SEELER“ (италијански). storiedicalcio.altervista.org. Посетено на 4 January 2015.

Надворешни врски