Германска селанска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
с Zdravko ја премести страницата Селанска војна на Германска селанска војна
(нема разлика)

Преработка од 13:42, 7 март 2020

Германска селанска војна
Дел од Протестантска реформација

Карта која ги покажува востанијата на селаните и поголемите битки.
Датум 1524–1525
Место Денешна Германија, Швајцарија, Австрија, Алзас, Чешка
Исход Задушување на востанието и убивање на учесниците
Завојувани страни
Армија на селаните Швапска лига
Команданти и водачи
Томас Минцер 
Ханс Милер фон Булгенбах 
Вендел Хиплер 
Георг фон Валдбург
Сила
300.000
Жртви и загуби
>100.000

Германската селанска војна или Големото востание на селаните (германски: Deutscher Bauernkrieg) била најголема побуна во германските говорни подрачја во Средна Европа во периодот 1524–1525. Пропаднала поради жестоката борба на благородништвото, кои убиле до 100.000 од 300.000 слабо наоружани селани и фармери. Преживеаните биле казнети и не постигнале ниедна од своите цели. Војната продолжила, како дотогашното движење Бундшу и Хуситските војни, низа на економски и верски побуни во кои селаните и фармерите, често поддржани од протестантското свештенство, го предводеле водството. Германската селанска војна било најголемо и најраширено востание до Француската револуција во 1789. Борбата го достигнала врвот во пролетта и летото во 1525.

Војната започнала со одвоени побуни, кренати во југозападниот дел на денешна Германија и соседниот Алзас и се ширеле со одвоени побуни во средна и источна Германија и денешна Австрија.[1] Откако востанието во Германија било задушено, се прелеало во неколку швајцарски кантони.

Во покренувањето на нивните побуни, селаните се соочиле со несовладливи пречки. Демократскиот начин на нивното движење ги оставала без командна структура и им недостасувало артилерија и коњаница. Најголем дел од нив имале мало или никакво воено искуство. Исто така тие често се предомислувале и бегале, по што биле масакрирани од нивните ривали. Другата страна имала искусни воени лидери, добро опремени и дисциплинирани војски и обилни средства.

Побуната вклучувала некои принципи и реторика од скорешната Протестантска реформација, во која селаните гледале слобода и влијание. Историчарите различно ги толкуваат економските погледи на Германската селанска војна и не се согласуваат за нејзините причини и природа.

Наводи

  1. Klassen 1979, стр. 59.

Надворешни врски

  • Валд, Енроус (30 јуни 2010). „Музеј за Селанската војна Беблинген“. Музеј за Селанската војна. Занемарен непознатиот параметар |coauthor= (се препорачува |author=) (help); Надворешна врска во |publisher= (help)CS1-одржување: ref=harv (link) Предлошка:De icon