Споредбена лингвистика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
+
 
(нема разлика)

Преработка од 23:42, 21 септември 2008

Споредбена лингвистика или позната и како компаративна филологија е дел од историската лингвистика и се занимава со споредување на јазици за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани преку позајмување на зборови и преку генетската поврзаност помеѓу јазиците. Генетската поврзаност означува еден стар заеднички јазик од кој произлегле повеќе останати јазици. Споредбената лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, потоа го реконструира заедничкиот јазик за да се добие јасна слика на промените што настанеле при развојот на другите јазици.