Јохан Бајер: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
|||
Ред 23: | Ред 23: | ||
[[Категорија:Починати во 1625 година]] |
[[Категорија:Починати во 1625 година]] |
||
[[Категорија:Германски астрономи]] |
[[Категорија:Германски астрономи]] |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Луѓе од Баварија]] |
Преработка од 22:11, 25 ноември 2015
Јохан Бајер (герм. Johann Bayer), (1572 – 7 март 1625) бил германски правник и астрономски картограф. Роден е во 1572 г во Рајн, Баварија. Во 1592 запишал философски студии во Инголштат, а подоцна се преселил во Аугсбург и станал правник. Таму почнал да ја изучува и практикува астрономијата. Во 1612 станал правен советник на градската управа на Аугсбург. Починал во 1625.
Бајер е најпознат по неговиот ѕвезден атлас „Уранометрија“ (Uranometria, 1603), што претставува првиот атлас на сета небесна сфера.[1] Во него вовел нов систем на означување на ѕвездите, подоцна наречен „Бајерово означување“. Во делото се вклучени 12 нови соѕвездија од јужниот крај на небото што не им биле познати на старогрчките и римските астрономи.
Во негова чест е именуван кратерот Бајер на Месечината.
Поврзано
Наводи
- ↑ Asimov, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, II преработено издание
Надворешни врски
- Полн дигитален факсимил - Библиотека „Линда Хол“
|