Пуздерци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 4 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3133713 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:


== Географиja и местоположба ==
== Географиja и местоположба ==
Селото Пуздерци како составен дел на Злетовската област лежи на крајниот запад на Областа која се граничи со Овче Поле.Сместено е на левиот брег на реката Белошица. И тоа токму во подножјето на ридот Припор 581 мнв. кој се спушта и преминува во релативно пространа рамнина околу река Белошица,над која, од североисточна страна се издига ридот Костомар (707 м.нв.) Самата населба Пуздерци е лоцирана на плитка заармнина со просечна надморска висина околу 450 м.
Селото Пуздерци како составен дел на Злетовската област лежи на крајниот запад на Областа која се граничи со Овче Поле. Сместено е на левиот брег на реката Белошица, во подножјето на ридот Припор (581 мнв.) кој се спушта и преминува во релативно пространа рамнина околу река Белошица ,над која, од североисточна страна се издига ридот Костомар (707 мнв.) Самата населба Пуздерци е лоцирана на плитка заармнина со просечна надморска висина околу 450 м.


Селскиот атар или катарската општина ја сочинуваат заравнини и благо наведнати ридски падини кои со самото тоа овозможуваат или подобро речено се погодни за обработка на земјиштето. Иако атарот или сенорот на Пуздерци е,на пример, по површина два пати помал од колку на соседното село Долно Барбарево, тој е во економска смисла далеку поефикасен и профитабилен.Од 618 ха колку што зафака атарот на селото, од тоа нешто 63 насто е обработливо земјиште,21 насто пасишта а останатите 16 насто се неплодно земјиште.Шумите се незнатно застапени не повќе од 1 ха.
Селскиот атар или катарската општина ја сочинуваат рамнини и благо наведнати ридски падини кои се погодни за обработка на земјиштето. Иако атарот или сенорот на Пуздерци е, на пример, по површина два пати помал отколку на соседното село [[Долно Барбарево]], тој е во економска смисла далеку поефикасен и профитабилен. Од 618 ha колку што зафака атарот на селото, 63% се обработливо земјиште, 21% пасишта а останатите 16% се неплодно земјиште. Шумите се незначително застапени на помалку од 1 ха.


Пуздерци спаѓа во прупата збиени населби. Има „сред село„ околу селската чешма.Но,за жал, околу неа куќите се разместени без некаков ред,туку во зависност поседите,самата куќа,дворот,стопанските згради,градините.Вада за пеиње има во две чешми и повеќе бунари во самото село.И бунарската вода е едиснствена вода за потребите на населението и добитокот во летните периоди кога ќе пресушат чешмите и реката Белошница.
Пуздерци спаѓа во прупата збиени населби. Сред село се наоѓа селската чешма, околу која куќите се разместени без некаков ред, во туку во зависност од поседите, самата куќа, дворот,стопанските згради, градините. Вода за пеиње има во две чешми и повеќе бунари во самото село. Бунарската вода е едиснствена вода за потребите на населението и добитокот во летните периоди кога ќе пресушат чешмите и реката Белошница.


== Историja ==
== Историja ==
Пуздерци како,и сите други селски населби од Злетовската област,( освен градот Пробиштип), врз основа на сочуваните трагови и остатоци од материјалата култура слободно и со полно право можеме да ги квалифицирме во групата најстари населби.И тоа,не само во Злетовската област, Источна Македонија туку воопшто во Македонија.Оваа констатација се потврдува не само од остатоците на предсловенската култура во месноста „Грамадите„, туку и откопаните трагови од водовод „од римско„ чии остатоци се уништени при градба на куќите, стопанските објекти или проширување на дворовите и баштите и градините околу куќите.
Пуздерци како и сите други селски населби од [[Злетовската област]] ( освен градот [[Пробиштип]]), врз основа на сочуваните трагови и остатоци од материјалата култура слободно и со полно право можеме да ги класифицираме во групата најстари населби. И тоа,не само во Злетовската област и [[Источна Македонија]] туку воопшто во [[Република Македонија|Македонија]]. Оваа констатација се потврдува не само од остатоците на предсловенската култура во месноста [[Грамадиште]], туку и откопаните трагови од водовод од периодот на римското владеење чии остатоци се уништени при градба на куќите и стопанските објекти или проширување на дворовите, баштите и градините околу куќите.
Врз основа на народното паметување,иако нема писмени трагови, првобитно населбата била сместена во месноста Грамадиште на Долг рид.И сега во овој локалитет се гледат грамади од камења,фрагменти од старовремски цигли.Не ретко при орање на нивите селаните откриваат и питоси,а некои од тие питоси имале отвори за чеп што натаму претпоставува дека служеле за држање на течности.
Врз основа на народното кажување, иако нема писмени трагови, првобитно населбата била сместена во месноста Грамадиште на Долг рид. И ден денес во овој локалитет се гледат грамади од камења, фрагменти од старовремски цигли. Неретко при орање на нивите селаните откриваат и питоси, а некои од нив имале отвори за чеп, по што претпоставува дека служеле за чување течности.
За време на средниот век нема писмени извори од кои би можело,барем и попатно да се реконструира животот на ова село и селаните.Ова село или некој од селаните не се споменуваат во документите кои потекнуваат од манастирот Лесново.Нема дарови во ниви,градини,лозја и други предмети кои,ако ги имало, летописциие од манастирот Лесново не би ги премолчеле.Како што тоа го сториле со некои други соседни населби,на пример,Бунеш,Глобица,Древено,Злетово,Ратковица итн.
За време на средниот век нема писмени извори од кои би можело барем и попатно да се реконструира животот во селово. Ниту тоа, ниту некој од селаните не се споменуваат во документите кои потекнуваат од манастирот [[Лесново]]. Нема дарови во ниви, градини, лозја и други предмети кои ако ги имало, летописците од манастирот Лесново не би ги премолчеле. Како што тоа го сториле со некои други соседни населби, на пример [[Бунеш]], [[Глобица]], [[Древено]], [[Злетово]], [[Ратковица]] и други.


И по освојувањето на Турците на овој крај за Пуздерци нема ништо.Дури подоцна, по век и половина, се јавуваат првите инфорации кои се однесуваат за Пуздерци.Така,на пример,од турските пописни дефтери од 1573 година гледаме,покрај останатото,дека меѓу населението на Пуздерци се јавуваат БАШТИНИ на четворица селани од кои една е вдовицата Јанка.Стотина години подоцна со турските воени порази од Полска, Русија и особено од Австрија,со губењето на Унгарија,Славонија,Војводина итн.кога нема веќе нови освојувања,нови грабежи, нови приходи започнува на големо процесот на насилно одземање на земјишните поседи и претварање на христијанското население на чифлигари а баштините на чифлици.
И по освојувањето на Турците на овој крај за Пуздерци нема ништо. Дури подоцна, по век и половина, се јавуваат првите инфорации кои се однесуваат за Пуздерци. Така, на пример, од турските пописни тефтери од 1573 година гледаме, покрај останатото,дека меѓу населението на Пуздерци се јавуваат баштини на четворица селани од кои една е на вдовицата Јанка. Стотина години подоцна со турските воени порази од [[Полска]], [[Русија]] и особено од [[Австрија]],со губењето на [[Унгарија]], [[Славонија]], Војводина итн., кога нема веќе нови освојувања, нови грабежи, нови приходи започнува на големо процесот на насилно одземање на земјишните поседи и претварање на христијанското население на чифлигари, а баштините на чифлици.


Со Австриските продори во 1689 година до Велес и Штип, кога по 300 години за прв пат христијанска војска навлегува и во овој дел од Македонија,и краткотрајното одушевување од тоа нешто,Карпошовото востание, протерување на Турците и по 2-3 месеца наездата на крвожедните кримски Татари, кои го опустошуваат и овој крај, секако дека и Пуздерци ја доживува несреќната судбина како и другите селски населби од овој дел на Македонија.Населението,младите особено жените и поодраснатите деца се врзани во синџири, одведени како робови.Другите, старите, оние повозрасните се сечени,давени ... Еве што ќе запише еден свештеник за тоа невреме: „Оф,оф,оф! Тешко мене!Лут страв и невоља тогаш беше.Мајките од татковците ги делеа,а од таткото синот,младите ги робеа,а старите ги сечеа и давеа.Тогаш луѓето кон себе смртта ја повикуваа,а не животот,од проклети Турци Татари.Тешко мене,лута тага„.
Со Австриските продори во [[1689]] година до [[Велес]] и [[Штип]], кога по 300 години за прв пат христијанска војска навлегува и во овој дел од Македонија ,и краткотрајното одушевување од тоа нешто, [[Карпошовото востание]], протерување на Турците и по 2-3 месеца нивната наезда, кои го опустошуваат и овој крај, секако дека и Пуздерци ја доживува несреќната судбина како и другите селски населби од овој дел на Македонија. Населението, младите особено жените и поодраснатите деца се врзани во синџири, одведени како робови, додека постарите лица се сечени и давени. Некој свештеник запишал: „Оф,оф,оф! Тешко мене! Лут страв и неволја тогаш беше. Мајките од татковците ги делеа, а од таткото синот, младите ги робеа, а старите ги сечеа и давеа. Тогаш луѓето кон себе смртта ја повикуваа,а не животот,од проклети Турци Татари.Тешко мене,лута тага“.


Интерсно е сознанието дека од ова село ни за злогласните временски периоди од Османлиското владение не се јавува,односно нема трагови на видлив отпор. Нема податоци ни во документите ни во преданијата за појавата на ајдути какви што ги има во соседните села, посебно од планинскиот дел од Злетовската област. Иако феноменот на ајдутството е составен дел од животот на нашиот народ кога неподносливиот,крајно понижувачки живот од османското насилие, едноставно го заменуваат со уште незаштитен, неигурен живот,со одметништво. Стотина години подоцна,во рамки од деградацијата на Османска империја,посебно во Осоговските планини ајдутството зазема голем замав но и ајдуството доживува големи промени .Наместо заштита на христијанското население, народни одмазници ке се претвори во своевидно разбојништво кои ги интересира само грабеж...
Интерсно е сознанието дека од ова село ни за злогласните временски периоди од Османлиското владеење] не се јавува, односно нема траги на видлив отпор. Нема податоци ни во документите ни во преданијата за појавата на ајдути какви што ги има во соседните села, посебно од планинскиот дел од Злетовската област. Иако феноменот на ајдутството е составен дел од животот на нашиот народ кога неподносливиот, крајно понижувачки живот од османското насилие, едноставно го заменуваат со уште незаштитен, неигурен живот, со одметништво. Стотина години подоцна, во рамки од деградацијата на Османска империја, посебно во [[Осоговските планини]] ајдутството зазема голем замав но и доживува големи промени. Наместо заштита на христијанското население, народни одмазници ќе се претвори во своевидно разбојништво кои ги интересира само грабеж...






За време на краткотрајната 2 Балканска војна реката Белашница е линија на фронт меѓу српските трупи лоцирани околу Пуздерци и врвот на Костомар во кој се сместени бугарски трупи.За три дена бугарските сили се протерани преку Злетовска река.Единствена штета е уништување на што туку созреаната летина и реквизиција на стока.
За време на краткотрајната 2 Балканска војна реката [[Белашница]] е линија на фронт меѓу српските трупи лоцирани околу Пуздерци и врвот на Костомар во кој се сместени бугарски трупи. За три дена бугарските сили се протерани преку Злетовска река. Единствена штета е уништување на штотуку созреаната летина и реквизиција на стока.
Уште помалку е извесно и прашањето за тоа кога во целата Злетовска област и во повеќето околни села меѓу двете световни војни,во суштина се полигон на немилосрдна и крвава пресметка помеѓу приврзениците на Тодор Александров од бугарска страна и Мино Станковиќ како војвода на здружението на на Коста Пеќанец за борба против бугарските бандити.На двете страни гинат луѓе за оваа или за онаа кауза,а во суштина најмногу страда до крај осиромашеното и обесправено население
Уште помалку е извесно и прашањето за тоа кога во целата Злетовска област и во повеќето околни села меѓу двете светски војни, во суштина се полигон на немилосрдна и крвава пресметка помеѓу приврзаниците на [[Тодор Александров]] од бугарска страна и [[Мино Станковиќ]] како војвода на здружението на на [[Коста Пеќанец]] за борба против бугарските бандити. На двете страни гинат луѓе за оваа или за онаа кауза, а во суштина најмногу страда до крај осиромашеното и обесправено население.
Во [[Народно ослободителната борба|НОБ]] од Злетовската област учествувале 857 борци меѓу кои со мобилизацијата во есента [[1944]] година секако дека имало борци и од Пуздерци, во битките на [[Косово]] и на [[Сремскиот фронт]]. За среќа тогаш загинати нема жители од ова село.
.
Во НОБ од Злетовската област учествувале 857 борци меѓу кои со мобилизацијата есента 1944 година секако дека имало борци и од Пуздерци,во битките на Косово и на Сремскиот фронт. За среќе меѓу 40-те загинати нема жители од ова село.


== Економија ==
== Економија ==
Со самото тоа што 2/3 од селскиот атар (вкупно 618 ха) го сочинува обработливо земјиште, значително помалку околу 21 насто се пасишта, јасно е дека егзистенцијата на населението,главно ќе потекнува од земјата и земјоделието.Дури во 6-7 деценија од минатиот век со извршената комасација и окрупнување на земјиште поседи и формирање на земјоделски задруги, ќе се појават и мешаните домаќинства.
Со самото тоа што 2/3 од селскиот атар (вкупно 618 ha) го сочинува обработливо земјиште, а значително помалку околу 21% се пасишта, јасно е дека егзистенцијата на населението главно ќе потекнува од земјата и земјоделието. Дури во 6-7 деценија од минатиот век со извршената комасација и окрупнување земјиште поседи и формирање земјоделски задруги, ќе се појават и мешаните домаќинства.
Ако ѓи погледнеме информациите од турскиот попис 1573 година,се забележува како земјоделието е основен извор на егзистенција.Најмногу (судејки по пореските обврски) се огледувало мешано жито, пшеница,а значително помалку граор,леќа,наут,бостан,памук и зелка.Подоцна ќе почнат да се одгледуваат и индустрите култури сончоглед и тутун.Лозјата се застапени 7-8 ха,а од 5-600 овошни стебла најмногу се сливите и јаболките.
Ако ги погледнеме информациите од турскиот попис од 1573 година, се забележува како земјоделието е основен извор на егзистенција. Најмногу (судејки по даночните обврски) се огледувало мешано жито, а значително помалку грашок, леќа, наут, бостан, памук и зелка. Подоцна ќе почнат да се одгледуваат и индустрискте култури сончоглед и тутун. Лозјата се застапени со 7-8 ha,а од 5-600 овошни стебла најзастапени се сливите и јаболките.


Сточарството, поради релативно малите површини од пасишта и ливади,иако нема домаќинство без волови кои и служат и како работна сила при обработка на земјишните поседи просечно по 2 оратни говеда на куќа, потоа овци од кои,просечно,на секое домаќинството имало по 20 - 30 грла. Покрај ова, за разлика од соседните села, многу повеќе се застапени свињите, живината и кошниците пчели.
Сточарството, поради релативно малите површини од пасишта и ливади, иако нема домаќинство без волови кои и служат и како работна сила при обработка на земјишните поседи просечно по 2 оратни говеда на куќа, потоа овци од кои,просечно,на секое домаќинството имало по 20 - 30 грла. Покрај ова, за разлика од соседните села, многу повеќе се застапени свињите, живината и кошниците пчели.
Процесот на деаграризација и убанизација на Македонија и општината некако противречно ќе се одрази врз развојот на селото.Младото и работоспособно население ќе се одлие во соседните градски средини.Значително ќе се намали сточниот фонд.Со окрупнување и комасација на земјоделските површини,примената на современа механизација и агротехнички мерки ќе се унапреди земјоделското производство,производството на пшеница.Но, од друга страна создавањето на „блокови„ со кои стапанисува задругата најголем дел од домаќинстѕвата ќе ги остави без обработлива површина.Вработувањето на одреден број жители во задругата не ќе може да го задржи младото население.Подоцна со преструктирањето на економскиот и општествениот живот во Македонија, со ликвидацијата на задругата, настанува деградација и на земјишниот фонд и механизацијата.И сега, 10 години од последниот попис на население кога селото имало 34 жители,кој знае дали се останати 15 -ина, претежно стари лица, практично е илузија да се очекува заживување иако постојат природни услови,на земјоделството и сточарството.
Процесот на деаграризација и убанизација на Македонија и општината некако противречно ќе се одрази врз развојот на селото. Младото и работоспособно население ќе се одлие во соседните градски средини. Значително ќе се намали сточниот фонд. Со окрупнување и комасација на земјоделските површини, примената на современа механизација и агротехнички мерки ќе се унапреди земјоделското производство, производството на пченица. Но, од друга страна создавањето на „блокови“ со кои стапанисува задругата најголем дел од домаќинстѕвата ќе ги остави без обработлива површина. Вработувањето на одреден број жители во задругата не ќе може да го задржи младото население.Подоцна со преструктирањето на економскиот и општествениот живот во Македонија, со ликвидацијата на задругата, настанува деградација и на земјишниот фонд и механизацијата. И сега, 10 години од последниот попис на население кога селото имало 34 жители, кој знае дали се останати 15-ина, претежно стари лица, практично е илузија да се очекува заживување иако постојат природни услови, на земјоделството и сточарството.


== Демографија ==
== Демографија ==
Според пописот од [[2002]] година, селото Пуздерци брои 34 жители, од кои:
Според пописот од [[2002]] година, селото Пуздерци брои 34 жители, од кои:
* [[Македонци]] 32
* 32 [[Македонци]] и
* Роми 2
* 2 [[Роми]]


Овие статистички идикатори се од последниот попис на населението во нашата земја. И ако нив ги анализираме во споредба со претходните информации од пописите на населението од 1948 година и потоа, ќе добиеме,без многу зборови,катастрофален развој на населението.И сега 10 години по тој попис, населението поради енормно високиот степен на сенализација на населението, оваа населба длабоко навлегла во нејзинот апсолутна деградација и гаснење.
Овие статистички идикатори се од последниот попис на населението во нашата земја. И ако нив ги анализираме во споредба со претходните информации од пописите на населението од 1948 година и потоа, ќе добиеме,без многу зборови,катастрофален развој на населението.И сега 10 години по тој попис, населението поради енормно високиот степен на сенализација на населението, оваа населба длабоко навлегла во нејзинот апсолутна деградација и гаснење.


Инаку ако навлегуваме подлабоко во историјата на ова село ке забележиме зачудувачки дисконтинуитет во развојот на селото и на населението.Пред 4,5 века,поточно од „Од опширните пописни дефтери од 16 век за Кустендилскиот санџак„,поточно од 1573 година, се гледа дека Пуздерци по бројот на население и домаќинства е најголемото село во Злетовската област.Во него таа година имало 91 домаќинство и 49 неженети лица.Ако се знае дека тогаш се живеело во големи задружни, повеќе генераски семејства. ткн. патријахални семејства иако се земе дека во просек имало околу 10 члена, тогаш во ова село имало не помалку од 1000 жители.Во прилог на оваа слободна процена на вкупното население оди и информацијата од пописот од која гледаме дека имало и 49 неженети мажи.Имено, ваквиот релативно значаен обем на неженети мажи може да се смета и очекуван и реален во однос на вкупниот број домеќинства и претпостаните 1000 жтели.
Инаку ако навлегуваме подлабоко во историјата на ова село ке забележиме зачудувачки дисконтинуитет во развојот на селото и на населението.Пред 4,5 века,поточно од „Од опширните пописни дефтери од 16 век за Кустендилскиот санџак„,поточно од 1573 година, се гледа дека Пуздерци по бројот на население и домаќинства е најголемото село во Злетовската област.Во него таа година имало 91 домаќинство и 49 неженети лица.Ако се знае дека тогаш се живеело во големи задружни, повеќе генераски семејства. ткн. патријахални семејства иако се земе дека во просек имало околу 10 члена, тогаш во ова село имало не помалку од 1000 жители.Во прилог на оваа слободна процена на вкупното население оди и информацијата од пописот од која гледаме дека имало и 49 неженети мажи.Имено, ваквиот релативно значаен обем на неженети мажи може да се смета и очекуван и реален во однос на вкупниот број домеќинства и претпостаните 1000 жтели.

Преработка од 16:11, 20 декември 2014

Пуздерци
Пуздерци во рамките на Македонија
Пуздерци
Местоположба на Пуздерци во Македонија
Пуздерци на карта

Карта

Општина Општина Пробиштип
Шифра на КО 21028
Пуздерци на Ризницата

Пуздерци е село во Општина Пробиштип.

Географиja и местоположба

Селото Пуздерци како составен дел на Злетовската област лежи на крајниот запад на Областа која се граничи со Овче Поле. Сместено е на левиот брег на реката Белошица, во подножјето на ридот Припор (581 мнв.) кој се спушта и преминува во релативно пространа рамнина околу река Белошица ,над која, од североисточна страна се издига ридот Костомар (707 мнв.) Самата населба Пуздерци е лоцирана на плитка заармнина со просечна надморска висина околу 450 м.

Селскиот атар или катарската општина ја сочинуваат рамнини и благо наведнати ридски падини кои се погодни за обработка на земјиштето. Иако атарот или сенорот на Пуздерци е, на пример, по површина два пати помал отколку на соседното село Долно Барбарево, тој е во економска смисла далеку поефикасен и профитабилен. Од 618 ha колку што зафака атарот на селото, 63% се обработливо земјиште, 21% пасишта а останатите 16% се неплодно земјиште. Шумите се незначително застапени на помалку од 1 ха.

Пуздерци спаѓа во прупата збиени населби. Сред село се наоѓа селската чешма, околу која куќите се разместени без некаков ред, во туку во зависност од поседите, самата куќа, дворот,стопанските згради, градините. Вода за пеиње има во две чешми и повеќе бунари во самото село. Бунарската вода е едиснствена вода за потребите на населението и добитокот во летните периоди кога ќе пресушат чешмите и реката Белошница.

Историja

Пуздерци како и сите други селски населби од Злетовската област ( освен градот Пробиштип), врз основа на сочуваните трагови и остатоци од материјалата култура слободно и со полно право можеме да ги класифицираме во групата најстари населби. И тоа,не само во Злетовската област и Источна Македонија туку воопшто во Македонија. Оваа констатација се потврдува не само од остатоците на предсловенската култура во месноста Грамадиште, туку и откопаните трагови од водовод од периодот на римското владеење чии остатоци се уништени при градба на куќите и стопанските објекти или проширување на дворовите, баштите и градините околу куќите. Врз основа на народното кажување, иако нема писмени трагови, првобитно населбата била сместена во месноста Грамадиште на Долг рид. И ден денес во овој локалитет се гледат грамади од камења, фрагменти од старовремски цигли. Неретко при орање на нивите селаните откриваат и питоси, а некои од нив имале отвори за чеп, по што претпоставува дека служеле за чување течности. За време на средниот век нема писмени извори од кои би можело барем и попатно да се реконструира животот во селово. Ниту тоа, ниту некој од селаните не се споменуваат во документите кои потекнуваат од манастирот Лесново. Нема дарови во ниви, градини, лозја и други предмети кои ако ги имало, летописците од манастирот Лесново не би ги премолчеле. Како што тоа го сториле со некои други соседни населби, на пример Бунеш, Глобица, Древено, Злетово, Ратковица и други.

И по освојувањето на Турците на овој крај за Пуздерци нема ништо. Дури подоцна, по век и половина, се јавуваат првите инфорации кои се однесуваат за Пуздерци. Така, на пример, од турските пописни тефтери од 1573 година гледаме, покрај останатото,дека меѓу населението на Пуздерци се јавуваат баштини на четворица селани од кои една е на вдовицата Јанка. Стотина години подоцна со турските воени порази од Полска, Русија и особено од Австрија,со губењето на Унгарија, Славонија, Војводина итн., кога нема веќе нови освојувања, нови грабежи, нови приходи започнува на големо процесот на насилно одземање на земјишните поседи и претварање на христијанското население на чифлигари, а баштините на чифлици.

Со Австриските продори во 1689 година до Велес и Штип, кога по 300 години за прв пат христијанска војска навлегува и во овој дел од Македонија ,и краткотрајното одушевување од тоа нешто, Карпошовото востание, протерување на Турците и по 2-3 месеца нивната наезда, кои го опустошуваат и овој крај, секако дека и Пуздерци ја доживува несреќната судбина како и другите селски населби од овој дел на Македонија. Населението, младите особено жените и поодраснатите деца се врзани во синџири, одведени како робови, додека постарите лица се сечени и давени. Некој свештеник запишал: „Оф,оф,оф! Тешко мене! Лут страв и неволја тогаш беше. Мајките од татковците ги делеа, а од таткото синот, младите ги робеа, а старите ги сечеа и давеа. Тогаш луѓето кон себе смртта ја повикуваа,а не животот,од проклети Турци Татари.Тешко мене,лута тага“.

Интерсно е сознанието дека од ова село ни за злогласните временски периоди од Османлиското владеење] не се јавува, односно нема траги на видлив отпор. Нема податоци ни во документите ни во преданијата за појавата на ајдути какви што ги има во соседните села, посебно од планинскиот дел од Злетовската област. Иако феноменот на ајдутството е составен дел од животот на нашиот народ кога неподносливиот, крајно понижувачки живот од османското насилие, едноставно го заменуваат со уште незаштитен, неигурен живот, со одметништво. Стотина години подоцна, во рамки од деградацијата на Османска империја, посебно во Осоговските планини ајдутството зазема голем замав но и доживува големи промени. Наместо заштита на христијанското население, народни одмазници ќе се претвори во своевидно разбојништво кои ги интересира само грабеж...


За време на краткотрајната 2 Балканска војна реката Белашница е линија на фронт меѓу српските трупи лоцирани околу Пуздерци и врвот на Костомар во кој се сместени бугарски трупи. За три дена бугарските сили се протерани преку Злетовска река. Единствена штета е уништување на штотуку созреаната летина и реквизиција на стока. Уште помалку е извесно и прашањето за тоа кога во целата Злетовска област и во повеќето околни села меѓу двете светски војни, во суштина се полигон на немилосрдна и крвава пресметка помеѓу приврзаниците на Тодор Александров од бугарска страна и Мино Станковиќ како војвода на здружението на на Коста Пеќанец за борба против бугарските бандити. На двете страни гинат луѓе за оваа или за онаа кауза, а во суштина најмногу страда до крај осиромашеното и обесправено население. Во НОБ од Злетовската област учествувале 857 борци меѓу кои со мобилизацијата во есента 1944 година секако дека имало борци и од Пуздерци, во битките на Косово и на Сремскиот фронт. За среќа тогаш загинати нема жители од ова село.

Економија

Со самото тоа што 2/3 од селскиот атар (вкупно 618 ha) го сочинува обработливо земјиште, а значително помалку околу 21% се пасишта, јасно е дека егзистенцијата на населението главно ќе потекнува од земјата и земјоделието. Дури во 6-7 деценија од минатиот век со извршената комасација и окрупнување земјиште поседи и формирање земјоделски задруги, ќе се појават и мешаните домаќинства. Ако ги погледнеме информациите од турскиот попис од 1573 година, се забележува како земјоделието е основен извор на егзистенција. Најмногу (судејки по даночните обврски) се огледувало мешано жито, а значително помалку грашок, леќа, наут, бостан, памук и зелка. Подоцна ќе почнат да се одгледуваат и индустрискте култури сончоглед и тутун. Лозјата се застапени со 7-8 ha,а од 5-600 овошни стебла најзастапени се сливите и јаболките.

Сточарството, поради релативно малите површини од пасишта и ливади, иако нема домаќинство без волови кои и служат и како работна сила при обработка на земјишните поседи просечно по 2 оратни говеда на куќа, потоа овци од кои,просечно,на секое домаќинството имало по 20 - 30 грла. Покрај ова, за разлика од соседните села, многу повеќе се застапени свињите, живината и кошниците пчели. Процесот на деаграризација и убанизација на Македонија и општината некако противречно ќе се одрази врз развојот на селото. Младото и работоспособно население ќе се одлие во соседните градски средини. Значително ќе се намали сточниот фонд. Со окрупнување и комасација на земјоделските површини, примената на современа механизација и агротехнички мерки ќе се унапреди земјоделското производство, производството на пченица. Но, од друга страна создавањето на „блокови“ со кои стапанисува задругата најголем дел од домаќинстѕвата ќе ги остави без обработлива површина. Вработувањето на одреден број жители во задругата не ќе може да го задржи младото население.Подоцна со преструктирањето на економскиот и општествениот живот во Македонија, со ликвидацијата на задругата, настанува деградација и на земјишниот фонд и механизацијата. И сега, 10 години од последниот попис на население кога селото имало 34 жители, кој знае дали се останати 15-ина, претежно стари лица, практично е илузија да се очекува заживување иако постојат природни услови, на земјоделството и сточарството.

Демографија

Според пописот од 2002 година, селото Пуздерци брои 34 жители, од кои:

Овие статистички идикатори се од последниот попис на населението во нашата земја. И ако нив ги анализираме во споредба со претходните информации од пописите на населението од 1948 година и потоа, ќе добиеме,без многу зборови,катастрофален развој на населението.И сега 10 години по тој попис, населението поради енормно високиот степен на сенализација на населението, оваа населба длабоко навлегла во нејзинот апсолутна деградација и гаснење.

Инаку ако навлегуваме подлабоко во историјата на ова село ке забележиме зачудувачки дисконтинуитет во развојот на селото и на населението.Пред 4,5 века,поточно од „Од опширните пописни дефтери од 16 век за Кустендилскиот санџак„,поточно од 1573 година, се гледа дека Пуздерци по бројот на население и домаќинства е најголемото село во Злетовската област.Во него таа година имало 91 домаќинство и 49 неженети лица.Ако се знае дека тогаш се живеело во големи задружни, повеќе генераски семејства. ткн. патријахални семејства иако се земе дека во просек имало околу 10 члена, тогаш во ова село имало не помалку од 1000 жители.Во прилог на оваа слободна процена на вкупното население оди и информацијата од пописот од која гледаме дека имало и 49 неженети мажи.Имено, ваквиот релативно значаен обем на неженети мажи може да се смета и очекуван и реален во однос на вкупниот број домеќинства и претпостаните 1000 жтели.

Уште заслужуваат внимание и информациите дека селото е тимар на „Мехмед, син на Пехлеви„Покрај ова интересно е дека во Пуздерци се јавуваат и 4 баштини.Едната е баштината на Ковач,во рацете на Дапко Јонко, другата е на Јовко Никола во рацете на Димитри Логан, третата баштина е на Стале Марко и четвртата е на вдовицата Јанка.Ова нешто ни открива дека процесот на претварање на месното население во чивчии е при крај,односно поседите ќе преминат во сопственост на турските аги и бегови.

Во недостиг на официелни пописни информации или податоци од други извори,на пример,патеписци, свештеници итн. реална е претпоставката дека со навлегувањето на Австријанците и палењето на Штип и востанието на Карпош и крвавата реакција на Турците и посебно ѕверствата на Кримските Татари кога и Злетовската област е опустешена.А населението заедно со населението од Кратовско,Кривопаланечко и Кумановско е принудено да бега и да се преселува северно од Сава и Дунав.Тоа е времето „Оф,оф,оф! Тешко мене.Лут страв и невоља тогаш беше.Мајките од татковците ги дела,а од таткото синот,младите ги робеа,а старите ги сечеа и давеа.Тогаш луѓето кон себе смртта ја повикуваа,а не животот,од проклети Турци и Татари.Тешко мене, лута тага„,како ќе запише еден свештеник.

Селото е,секако,запустено.Населението избегано нешто со бранот бегалци на Север, другите по околните планини.Од друга страна, и самите Турци,чифлик сајбиите се принудени не само да прогласат,чисто од практични причини, амнестија туку и ги враќале евентуално непродадените робови и ѓи откупувале продадените робови затоа што нема работна сила за обработка на земјиштето кое,како е веќе речено, е многу погодно за земоделско производство.Но, селото Пуздерци веќе никогаш нема да го достигне оној негов демографски „бум“ каков што имал пред стотина години пред тоа.

Во првата деценија од минатиот веккако што гледаме од некои записи селото имало 100 жители и околу 20 домаќинства.Во селото имало 5 чифлика на Турци од Штип и Крива Паланка.Месното население главно било чивчии.

Поради невоедначена методологија на пописите на населението во 1921 и 1931 година,вкупното население е збирно за две-три и повеќе населби, не ќе може да се споредува развојот на населението од пописите на населението во бивша СФРЈ.

Така со природниот прираст и со деселување на население,особено од пасивните Кривопаланчеки села, расте бројот на население.Во пописот на население од 1948 година Пуздреци има 227 жители.По пет години во наредниот попис се забележува значан позитивен развој.Така во 1953 има 253 а во 1961 година 255 жители.Со наредниот попис 1971 година веќе се гледа енормно намалување на обемот на население за така мала локална зедница.Обемот на населението е намален за 1о8 лица.Очигледно индустријализацијата и урбанизацијата на соседните градски населби си го чинат своето.Отпочнува деградација на селските населби, а од друга непланската урбанизација доведува до низа инфраструктурни и културни проблеми. Во 1981 година Пуздерци ќе забележи натамошно намалување на населениетои за 51 жител, во 1994 помалку 31 за во 2004 во него остана уше само 34,главно остарени жители.

Според потеклото на населението се гледа дека главно го сочинувбаат доселеници од околните села а најмногу од селата северно од Крива Паланка 27 домаќинства.Староседелците се помалку и изнесуваат 12 домаќинства.На крај од овој дел може слободно да се каже дека и покрај асфалтниот пат што поврзува со Пробиштип,и покрај завидните природни ресурси за развој на земјоделието и оваа населба (само со едно младо домаќинство,родители и едно дете) како и многу други од Злетовската област е во длабока фаза на одумирање и гаснење.

Општествени институции

Во селотот постои црква која ја подгигнал тогаш познатиот штипски трговец Чепреганов во 1919 година. Тоа е еднокорабна градба, не е живописана. Иконите се изработени од некој велешки мајстор и немаат уметничка вредност.Околу црквата се селските гробишта.Црквата е посветена на пророк св.Илија и тоа е селска слава.

Основното четиригодишно училиште е формирана непосредно по 2 Световна војнА.Со миграциите на младото работноспообно населене во околните урбани средини и трансферот од земјоделско во неземјоделски дејнсти, зе намалува бројот на жители, а со тоа и на деца од учишна вораст.Во крајот на шеесетите години на минатиот век поради намалување на децата од училшна возраст училиштето ме затворено.

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Извори

  • Турски документи за историјата на македонскиот народ,Скопје,1980.
  • Шопова Душанка,Македонија во 16 и 17 век,документи од цариградските архиви,Скопје 1955.
  • Стеван Симиќ,Историја кратовске области,Београд,1914.
  • Јордан Иванов,Северна Македонија,Софија,1931.
  • Историја на македонскиот народ,Скопје,1969.
  • Пописи на населението и домакинствата,Сојузен завод за статистика,Београд 1981.
  • Попис на населението 2004 г. Републички завод за статистика,Скопје 2005.

Надворешни врски