Лазар Личеноски: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Одбиена последната промена во текстот (од 46.217.17.237) и вратена ревизијата 2929092 на Addbot |
|||
Ред 2: | Ред 2: | ||
== Образование == |
== Образование == |
||
Уметничка школа со академски курс завршил во [[Белград]], 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во [[Париз]] во ателјето на [[Марсел Линоар]] и кај [[Пол Бодуен]] на [[Ecole des Arts et Mertiers]], ги посетувал ателјето на [[Андре Лот]] и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929). |
|||
Лазар Личеноски |
|||
ЛАзар Личеноски е брат на Мартин мувата и заедно се мувале.:D |
|||
== Кариера == |
== Кариера == |
Преработка од 01:33, 29 октомври 2013
Лазар Личеноски (Галичник, Гостиварско, 26 март 1901 - Скопје, 10 април 1964) бил македонски сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејсаж, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици[1][2].
Образование
Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929).
Кариера
Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група Облик.
Самостојно изложувал пред и по војната (за прв пат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.
Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.
Ги насликал делата „Бачила“, „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари„ и многу други.