Прејди на содржината

Свети Кристофер

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот „Свети Кристофер“, видете ја страницата за појаснување.
Свети Кристофер
Liamuiga, Saint Christopher, Saint Kitts
Наречен и: Град на шеќерот
Карта на Свети Кристофер и Невис
Географија
МестоКарипско Море
Координати17°15′N 62°40′W / 17.250° СГШ; 62.667° ЗГД / 17.250; -62.667
АрхипелагЗаветрени Острови
Највисока точкаЛијамуига
Држава
Најголема населбаБастер (pop. 15,500)
Демографија
Население35,000
Густина208,33 /km2 (53.957 /sq mi)
Етнички групиАфроамериканци, мулати, Азијци, Британци, Португалци, Либанци[1]


Свети Кристофер (Saint Christopher) или Свети Китс (Saint Kitts) е остров во Карипското Море. Свети Кристофер е дел од Заветрените Острови, подгрупа на Малите Антили. На запад островот излага на Карипското Море, додека на исток на Атлантскиот Океан. Свети Кристофер, заедно со соседниот остров Невис, ја сочинуваат федерацијата Свети Кристофер и Невис.

Островот се наоѓа на околу 2100 км југоисточно од Мајами, САД. Островот има вкупна површина од 168 км2, долг е околу 29 километри, а широк околу 8 километри. Свети Кристофер има вкупно население од околу 35.000 жители, од кои мнозинство се Афроамериканци. Главен и службен јазик на островот е англискиот, со писменост на население од околу 98%. На Свети Кристофер се наоѓа Националниот парк Хил Фортрес, кој е заштитен од УНЕСКО и претставува најголема тврдина изградена во Источните Кариби.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Островот, административно, е поделен на 9 парохии:

  1. Крајст Чрч Никола Таун
  2. Сент Ен Сенди Поинт
  3. Сент Џорџ Бастер
  4. Сент Џон Капистер
  5. Сент Мери Кајон
  6. Сент Пол Капистер
  7. Сент Питер Бастер
  8. Сент Томас Мидл Ајланд
  9. Тринити Палмето Поинт

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Ben Cahoon (2000). „Saint Kitts and Nevis“. WorldStatesmen. Посетено на 2010-07-17.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]