Сент Џон Капистер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сент Џон Капистер
Saint John Capisterre
парохија
StKitts-Nevis JCA.png
ДржаваСвети Кристофер и Невис
Адм. центарДип Беј Таун
Површина
 • Вкупна25 км2 (10 ми2)
Население (2001 проц.)
 • Вкупно3.181
 • Густина130/км2 (330/ми2)

Сент Џон Капистер (англиски: Saint John Capisterre) е една од 14-те парохии на Свети Кристофер и Невис. Оваа е втора најголема парохија во Свети Кристофер и трета најголема во државата. Административен центар на оваа парохија е Дип Беј Таун.

Географија[уреди | уреди извор]

Парохијата има вкупна должина на брег од 5 милји. Брегот на парохијата е најразновиден и најимпресивен во државата. Северното крајбрежје е составено од долги плажи со црн вулкански песок. Дип Беј Бич (плажа) е скоро целосно опколена од гребен, што го прави морето во овој дел многу безбедно. Другите плажи, како што се Парсонс Бич и Сенди Беј немаат таов гребен и природна заштита и има силни струи од Атлантскиот Океан. Во јужното крајбрежје се наоѓаат најзначајните и најпознатите природни карактеристики на островот, Блек Рокс. Овие големи карпи се долги две милји и истите се како резултат на последната вулканска активност на Свети Кристофер, односно се проценува дека во 14 век имало последена ерупција на островот.

Друга значајна географска карактеристика на парохијата е планината Лјамуига. Таа е највисоката планина на островот и водно во Заветрените Острови.

Населени места[уреди | уреди извор]

Најголемо населено место во парохијата е Седлерс и има население од околу 2000 жители. Табернакл е село и е второ најголемо населено место во парохијата. Покрај овие две, значајно е и селото Дип Беј Таун, кое е првото француско населено место на Свети Кристофер и административен центар на парохијата. Покрај овие, во парохијата се наоѓаат селата: Парсонс Граунд, Погсон, Лунч, Харис и Бел Ви

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 17°23′13″N 62°47′49″W / 17.38694° СГШ; 62.79694° ЗГД / 17.38694; -62.79694