Рудолф IV (војвода на Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудолф IV
Војвода на Австрија
На престол1358–1365
ПретходникАлбрехт II
НаследникАлбрехт III & Леополд III
Роден(а)1 ноември 1339(1339-11-01)
Виена
Починал(а)27 јули 1365(1365-07-27) (возр. 25)
Милано
Почивалиште
Св. Стефан“ - Виена
СопружникКатарина Луксембуршка
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоАлбрехт II
МајкаЈохана фон Пфирт
ВероисповедРимокатоличка црква

Рудолф IV (германски: Rudolf IV der Stifter, роден на 1 ноември 1339 во Виена - починал на 27 јули 1365 во Милано) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија и војвода од Штаерска (1358–1365).

Рани години[уреди | уреди извор]

Рудолф бил најстариот син на Албрехт II и Јохана фон Пфирт. Во 1357 година Рудолф IV се оженил за Катарина Луксембуршка, ќерка на Карло IV.

Управување[уреди | уреди извор]

Тој ја проширил катедралата „Св. Стефан“ во Виена[1], каде подоцна бил погребан[1]. Рудолф IV во 1365 година го основал Универзитетот во Виена, нарлечен и денес Alma Mater Rudolphina.

Во 1358/1359 година војводата Рудолф IV издал документ Privilegium minus, фалсификувана верзија на документот Privilegium maius од 1156 година, според кој документ, Австрија била ставена на исто ниво со изборните кнежевства во Светото Римско Царство. Рудолф IV го уништил оригиналот на Privilegium minus.

Рудолф IV сам се нарекувал надвојвода. Во 1453 година, документот бил признаен од страна на царот Фридрих III. Со царот Карло IV склучил договор според кој по неговата смрт неговото наследство да биде предадено на неговите браќа Албрехт III и Леополд III[1].

Неговиот портрет бил прв клониран портрен на некој средноевропски владетел[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Rudolf IV. der Stifter (англиски). Austria-Forum. Посетено на 14 март 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Владејачки титули
Претходник
Албрехт II
Војвода на Австрија,
Војвода од Штаерска и Војвода од Корушка

1358–1365
Наследник
Албрехт III
и
Леополд III
Претходник
Мајнхард III
Гроф од Тирол
1363–1365
Нова титула Војвода од Крањска
1364–1365