Прејди на содржината

Пфорцхајм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панорамски поглед кон Пфорцхајм

Пфорцхајмград со 119.000 жители во Баден-Виртемберг, југозападна Германија, на прагот на Шварцвалд. Зафаќа површина од 98 км2 и се наоѓа помеѓу градовите Штутгарт и Карлсруе, на точката каде се спојуваат реките Енц, Наголд и Вурм. Тоа е границата меѓу Баден и Виртемберг, а градот е сместен во Баден.

Пфорцхајм не припаѓа на ниту една административна област, но во исто време е административен центар на областа Енц која го обиколува градот. Познат е по индустријата за накит и производство на часовници.

За време на Втората светска војна, Пфорцхајм бил бомбардиран неколкупати. Најстрашното било изведено од британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) попладнето на 23 февруари 1945 г.