Прејди на содржината

Петре Латиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Латиновски
Градоначалник на Општина Бутел
На должноста
2005–2017
Претходник нема
Наследник Велимир Смилевски
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1954
Радишани, Скопско
Починал(а) 6 септември 2022
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Јованка Латиновска
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија дипломиран географ
Вероисповед православен

Петре Латиновски (29 октомври 1954 во Радишани, Скопско - 6 септември 2022) — прв градоначалник на Општина Бутел во периодот од 2005 до 2017 година. На функцијата е избран на локалните избори во 2005 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, отсек географија. Од 1978 до 1999 г. работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 до 2003 г. бил директор на истоименото училиште. Во 2005 г. станал градоначалник на Општина Бутел и бил на функцијата сè до 2017 година. Истата година кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник бил Дарко Костовски кој бил поразен од својот противкандидат од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски на локалните избори.

Петре Латиновски бил оженет, татко на две деца и дедо на четири внучиња.

  1. „Градоначалници на долги патеки“ Архивирано на 17 мај 2013 г. од Утрински Весник (13.03.2013), проверено на 22 мај 2013

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]