Петре Латиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петре Латиновски
Градоначалник на Општина Бутел
На должноста
2005–2017
Претходник нема
Наследник Велимир Смилевски
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1954
Радишани, Скопско
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Јованка Латиновска
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија Дипломиран географ
Вероисповед Православен

Петре Латиновски (роден на 29 октомври 1954 во Радишани, Скопско) — прв градоначалник на Општина Бутел во периодот од 2005 до 2017 година. На функцијата е избран на локалните избори во 2005 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, отсек географија. Од 1978 година до 1999 година работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 година до 2003 година е Директор на истоименото училиште. Од 2005 па наваму е на местото прв човек во Општина Бутел, каде што се наоѓа и денес.[2]

На Локалните избори во 2017 година бил поразен од својот против-кандидат од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски.

Петре Латиновски е оженет, татко на две деца и дедо е на две внучиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Градоначалници на долги патеки“ од Утрински Весник (13.03.2013), проверено на 22 мај 2013
  2. Дванаесет „вечни градоначалници“ го почнаа својот трет мандат од Нова Македонија (16.4.2013), проверено на 22 мај 2013

Надворешни врски[уреди | уреди извор]