Петко Јанчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петко Јанчевски ( 1913 во Вратница, Тетовско21 октомври 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како рудар во Радуша. Бил познат како правичен и смел човек. Уште во 1942 година започнал организирано да работи против окупаторот. Истата година интензивно соработувал со партизаните на Шар Планина. Тој контакт го одржувал сè до смртта. Од партиската организација во Вратница добил задача да се пробие во соседното село Одри, населено со Македонци и Албанци. Како резултат на неговата активност, селото станало партизанска база. Во првата провала на 21 октомври 1943 година, по разбивањето на Шарпланинскиот одред, бил затворен од бугарскиот фашистички окупатор и одведен на стрелање во партизанската база. Непосредно пред стрелањето, ги бодрел другарите да не потклекнуваат пред непријателот. Пред да падне смртно погоден извикал на цел глас: „Да живее КПЈ и слободата!“ [1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Партизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 71. На |first= му недостасува |last= (help)