Марко Китевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Китевски (Слатински Чифлик, р. 13 април 1950) — македонски фолклорист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Марко Китевски е роден на 13 април 1950 година во селото Слатински Чифлик, Дебрца. Во 1974 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Потоа завршил и постдипломски студии од научната област Македонска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и во 1980 година го одбранил магистерскиот труд „Фолклорните елементи во делата на Стале Попов“. Во 1990 година ја одбранил докторската дисертација под наслов „Клетвите во македонското народно творештво“.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, за своето творештво, Китевски бил награден со државната награда „23 Октомври“.

На 19 септември 2014 година, во Центарот на културата во Ѓорче Петров била промовирана книгата на Китевски под наслов „Народната култура на територијата на општина Ѓорче Петров“. Во книгата се застапени народни песни од селото Кучково, кои ги пеел Марко Најденовски, а ги запишал Атанасије Петровиќ; прикази на црквите и манастирите на територијата на општината; и опис на христијанските празници кои се слават во општината.[2]

Во ноември 2014 година, Китевски ја објавил својата 54. книга „Историјата на македонскиот фолклор„, во издание на „Гирланда“ од Скопје. Книгата започнува со поглавје за историјата на фолклорот, а потоа следуваат и делови за најзначајните собирачи и зборници со македонско народно творештво.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Китевски, Марко (2015). Кузман Капидан од народното предание до сердарод. Скопје: Гирланда.
  2. „Промоција на книга за обичаите во Ѓорче Петров од Марко Китевски“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 23.
  3. „Македонскиот фолклор, за жал, веќе исчезнува“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 22-23.