Прејди на содржината

Магови

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Поклонување на мудреците“ (холандски: Aanbidding der Koningen — Поклонување на царевите). Рембрант

Магови (еднина: маг, староперсиски: 𐎶𐎦𐎢𐏁(maguš), старогрчки: Μάγοι, латински: magus) — свештеници и членови на свештеничката каста во Стар Иран, како и во голем број земји соседни со Иран. Според Херодот (V век п.н.е.), едно од племињата на Медијците, а во исто време и медиските бајачи и жреци (пагански свештеници) биле наречени магови. Според некои истражувачи, маговите се придржувале до еднобоштвото во нивните религиозни ставови.[1] Со ширењето на зороастризмот во Западен Иран, маговите дејствуваат како негови жреци, препознавајќи го Заратустра како свој пророк (истражувачите го датираат овој настан на различни начини: од VII до крајот на V — почеток на IV век п.н.е.).[2] Маговите играле голема улога во политичкиот живот на Стар Иран — во раните фази на државноста, тие во целост ја поддржувале царската власт во борбата против родовското благородништво. За време на Сасанидите, маговите биле главно поткрепа на конзервативните норми на општествениот живот.[3] Во хеленистичкиот период и подоцна, зборот „магови“ почнал да се однесува на волшебници, маѓепсници, астролози итн.

  1. DASTUR FIROZE M. KOTWAL (July 1990), "A BRIEF HISTORY OF THE PARSI PRIESTHOOD", Indo-Iranian Journal, Vol. 33, No. 3, pp. 165-175.
  2. The Origins of Zoroastrian Priesthood in India, Parsi Khabar, April 29, 2009
  3. 24*17الكامل في التاريخ مجلد أول-Al Kamel fi Tarikh V1 1C с. 128

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Lendering, Jona (2006), Magians, Amsterdam: livius.org