Државност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Државност (анг. "Statehood" [1]) е меѓународно-правен капацитет кои според доктрината на меѓународното право вклучува следните основни елементи:

1. Државна територија,

2. Население со државјанството,

3. Суверенитетот, како највисока власт на државаната теориторија, која условно може да биде огрничена само со нормите на задолжително меѓународното право jus cogens.[2][3]

Во модерно доба меѓународно-правната доктрина сугерира и дека категорија „државност" содржи и четвртиот битен елемент: меѓународно-правен субјективитет.[4][5] Овој меѓународно-правниот субјективитет е посебен правен капацитет за склучување правни договори, претставување во меѓународните дипломатски односи, вршење дипломатски акти, стекнување на сопственост, и посебно капацитет на правното лице, какво што е држава, да тужи (или биде тужена) во меѓународните судови или слични тела во кои се подразбира дека субјектот који тужи или е тужена страна има својството на меѓународното правно лице.[6]

Покрај меѓународно-правниот субјективитет во 19-ти и посебно во 20 век се развива и идејата за внатрешно-правниот субјективитет на државата који овозможува граѓаните и другите внатрешно-правни лица да ја тужат државата како внатрешно-правно лице односно државата при правни постапки и во определени правни ситуации настапува како внатрешно-правен субјект, со правниот капацитет да како лице кое може да тужи или биде тужена.

Категорија Државност не треба да се меша со социолошкиот термин Државотворност, кои може да подразбира и поширок сет на општествени и пред се политички содржини или елементи. Во поширока смилса на државотворноста влиае историјата, јазикот и сите побитни културни димензии и белзи на еден народ или една нација. Од изворен идентитет на една нација слободно се формира националниот идентитет и суверено државно име, кое е предмет на самоопределување.[7][8][9] Категорија сувереност, меѓутоа, по правило се протега и на државотворните елементи како што се јазик, историја итн.[10]

Меѓу битните елементи на државност и правниот субејктивитет е и државно-правниот идентитет те. државно име.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Види на пр.: Shaw, Malcolm Nathan (2003). International law. Cambridge University Press. стр. 178. Article 1 of the Montevideo Convention on Rights and Duties of States, lays down the most widely accepted formulation of the criteria of statehood in international law. It note that the state as an international person should possess the following qualifications: '(a) a permanent population; (b) a defined territory; (c) government; and (d) capacity to enter into relations with other states'.
  2. Види елементите на држава во членот 1. од Montevideo Convention on Rights and Duties of States (Конвенцијата за права и обврските на државите од Монтевидео (1933))[1]
  3. Меѓу jus cogens нормите, кои се по дефиниција највисоки обичајни норми и принципи посилни од диспозитивното (те. пишано) право, вклучувајќи и нормите содржани во уставите (на држави) и меѓународните договори и конвенции, се: правото на државна и народна самоодбрана, правото на самоопределување и интегритетот, правото на правна и суверена еднаквост и правото на државен и територијален суверенитет и интегритет, правото на политичка назавиност, правото на немешање во строга внатрешна надлежност, правото на не-дерогирање на елементите од правниот субкетивитет, правото на недискриминација на државите, правото на заштитата на основните човекови поединечни и колективни права, и слични егзистнцијални права (геноцид, итн). Овде спаѓаат инхерентните те. вродените права, од кои држава и да сака неможе да се откаже со пишан документ односно закон, устав или меѓународен договор, бидејќи мора да ги поседува како држава (основните елементи на државност односно права поврзани со правната должност држава да ги поседува и да не ги дерогира).
  4. Види членот 4. кои се однесува на еднаквост во правните капацитети на државите во (горе споменатата) Конвенцијата од Монтевидео за државните права и обврски [2]
  5. Види повеќе И. Јанев Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград. 2020.
  6. Во споредба со државите, меѓународно-правниот субјективитет на меѓународните организации се создава „вештачки" со нивниот статут или меѓународната конвенција (те. меѓународен договор). Само за пример, меѓународно-правниот субјективитет на Организацијата на Обединетите Нации е утрвредн, врз основа на членот 104. и членот 105. од Повелбата на ООН, со Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации (1946) во членот 1. ПРАВНАТА ЛИЧНОСТ: „Обединетите нации имаат правна личност. Таа може: а) да склучува договори; б) да се стекне со, или да отуѓува подвижен и недвижен имот; в) да покренува меѓународните правни постпаки." [3]
  7. Иницијално само народот избира својот народен или национален идентитет, без мешање од страна, а потоа или истовремено народното или националното име станува државното име, на кое исто се применува самоопределување на народот, според принципот на народниот суверенитет.
  8. Поврзано: Declaration of Principles of International Cultural Co-operation, UNESCO(1966)[4]
  9. За културниот идентитет види во Mexico City Declaration on Cultural Policies, UNESCO(1982) [5]
  10. Види Изјавата на Љ. Коцарев: „Македонија - геополитичка лабораторија на големите „играчи“ кои тестираат свои „рецепти“ за соживот и стабилизација“ [6]