Државно име

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Државно име е по дефиниција државно-правен идентитет. Овој идентитет е правен атрибут со кои една држава се претставува како правно лице во меѓународното право и во внатрешно-правен промет и правни односи. Државно-правен идентитет е основен елемент на меѓународно-правен и внатрешно-правен (уставен) субјективитет. Со овој правен идентитет држава правно функционира како меѓународното-правно лице, со меѓународните права и обврски, а слично и како правното лице во вантрешноправен промет каде држава се појавува како правното лице пред домашните судови или правните постапки. По правило државно-правен идентитет е ист во меѓународното правно претставување и домашно правно претставување.[1] Без државно-правен идентитет (Државно име) меѓународно-правен субјективитет е нелегално дерогиран, бидејќи поседување целосен субјективитет е инхеретното („вродено") апсолутно право на една суверена држава, а суверенитетот е најбитен елемент на државност, покрај другите елементи: државната територија и државното население, со статус на државјани или граѓани. Без државно-правен идентитет договорната способност на еден правен субјект како држава би била прозволно деградирана и државата веќе не би била суверена и правно еднаква со другите правни лица. Оттаму, поседување на државното име или државно-правен идентитет е поврзано со основната jus cogens норма на правната еднаквост (во Римското право: „еднаквост пред законот") односно во меѓународното право суверена еднаквост, императивен принцип содржан во членот 2. став 1. од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации. Другите jus cogens норми, како што е „политичката независност" (чл 2. став 4. од Повелбата на ООН) и "немешање во внатрешните работи" (чл 2. став 7. од Повелбата на ООН) исто така во отсуство на државно-правен идентитет би биле дерогирани и во тој аспект држава би била дискриминирана.[2] Државно-правен идентитет како атрибут на субјективитетот e елементот на државност.[3] Правото на државно-правен идентитет или државното име и изборот на идентитетот е инхерентното право поврзано со jus cogens норма самоопределување (на својот идентитет, народен или државен), принципот кодифициран во членовите 1 (став 2) и 55 од Повелбата на ООН[4] и другите меѓународно-правните акти.[5][6].

Доколку една држава, теоретски, во внатрешно правен поредок не би поседувала елемент државното име односно правен идентитет, таа воопшто не можела да се смета дека има правниот субјективитет, и оттаму не би воопшто можело да се смета дека таков ентитет е држава или било кое внатрешно-правно лице. Оттаму изборот на државно-правниот идентитет е во строга внатрешна надлежност на секоја држава. За овој елемент на државност важи ставот 7 од членот 2. од Повелбата на ООН [7] и членот 8. од Конвенцијата за правата и обврските на државите од Монтевидео 1933.[8][9] Ако една држава не признава државност (или елементот на државност) на друга држава, по правило се работи за политичка конфронтација или притисоци од суштествен политички карактер.[10]

За државните имиња важат обичајно одредени општи и основни правни правила и принципи: (1) Државите немаат ексклузивни права на државните имиња;(2) Државните имиња не влијаат врз територијалните права и обврски на својата, како и на туѓа и друга држава,те. државното име во меѓународното право не може да се толкува како територијални претензии или иредентизам на една држава кон друга; (3) За државното име како правен идентитет и како елемент од меѓународно-правниот субјективитет не е релевантна историјата или потеклото на народот, како ни физичките и популациските карактеристики на територијата за чијашто држава станува збор; (4) Спорови меѓу државите за државните имиња не (може да) постојат, бидејќи се работи за предметот кои е во строга внатрешна надлежност на секоја држава, заштитетена со Повелбата на ООН. Непризнавањето од една држава (во целина или елементите од субјективитетот) на друга поради какви и да е причини не може да се толкува како спор (или разлика) кога станува збор за инхерентине државни права. Во оваа смисла вмешување од Организацијата на Обединетите Нации или нејзина членка во ваквите основни права и надлежности (те. кршењето на jus cogens норми) не е дозволено според членот 2. од Повелбата на ООН.[11]

Литература и документи[уреди | уреди извор]

  • И. Јанев, Legal Aspects of the Use of a Provisional Name for Macedonia in the United Nations System, American Journal of International Law, Vol. 93, No. 1, 1999.
  • Vienna Convention on the Representation of States in their Relations with International Organizations of a Universal Character, 1975.
  • Vienna Convention on the Law of Treaties between States and International Organizations or between International Organizations, 1986.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Државно име според дејството се применува erga omnes.
  2. Види Повелбата на ООН, член 2.
  3. Види LEGAL ASPECTS OF THE USE OF A PROVISIONAL NAME FOR MACEDONIA IN THE UNITED NATIONS SYSTEM, American Journal of International Law, Vol. 93, No. 1, 1999. посебно дел со објаснување: "In the absence of such an identity, the juridical person (such as a state) could--to a considerable degree (or even completely)--lose its capacity to conclude agreements and independently enter into and conduct its relations with other juridical persons. Therefore, the name of a state appears to be an essential element of its juridical personality and its statehood."
  4. Види членот 1(2) и 55 од Повелбата на ООН
  5. Првично и изворно само народот избира својот народен или национален идентитет (без мешање од страна), а потоа или истовремено народното или националното име (идентитет) станува државното име, на кое исто се применува самоопределување на народот, според принципот на народниот суверенитет. Овој принцип поврзува изворна народна воља со суверен правен идентитет.
  6. Види Пактови на ОН за човековите права со основната норма "самоопределување" (која е сидржана во членот 1.) International Covenant on Civil and Political Rights [1] [International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights [2]
  7. Charter of the United Nations, Art. 2: "Nothing contained in the present Charter shall authorize the United Nations to intervene in matters which are essentially within the domestic jurisdiction of any state or shall require the Members to submit such matters to settlement under the present Charter; but this principle shall not prejudice the application of enforcement measures under Chapter Vll."
  8. Montevideo Convention on the Rights and Duties of States, Article 8: "No state has the right to intervene in the internal or external affairs of another." [3]
  9. Како помошен правен извор види и Draft Declaration on Rights and Duties of States (1949) [4]
  10. Види пр. Изјавата на Претседател на МАНУ Љ. Коцарев: „Македонија- геополитичка лабораторија на големите „играчи“ кои тестираат свои „рецепти“ за соживот и стабилизација“ [5]
  11. Види посебно Конвенцијата во која и самата ООН е страна договорничка (со своите обврски) Vienna Convention on the Representation of States in their Relations with International Organizations of a Universal Character (1975), особено членот 83: "In the application of the provisions of the present Convention no discrimination shall be made as between States."