Меѓународно-правен субјективитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Меѓународно-правен субјективитет е основен правен капацитет на субјектите на меѓународното право. Субјектот на меѓународното право е лице кое е носител на меѓународните права и меѓународните обврски / должности (регулирани со меѓународното јавно право). Основни субјекти или лица на меѓународното право се државите и меѓународните организации (односно меѓудржавни организацији кои се создадени со меѓународен односно меѓудржавен договор). Тие (јавно-правни) лица се носители на меѓународните права и обврски во меѓународното право, директно подредени на меѓународно правен поредок (со обврската да прифаќаат, почитуваат и дејствуваат според нормите и принципите на меѓународното јавно право) и како такви имаат правен капацитет за сите предвидените судски постапки пред меѓународните судови.[1] Поединечни лица се сметаат за пасивни или недиректни субјекти на меѓународното право. Остварување на нивното право во голема мера зависи од примарните субјекти на меѓународното право, те. од држава. Поединечно лице, група (или народ) нема капацитет да тужи пред меѓународните судови кои бараат меѓународно-правен капацитет, вклучувајќи тука и Меѓународниот суд за правда во Хаг.

Државите од своето создавање имаат инхерентното својство или вродентото право на меѓународно-правниот субјективитет. Овој меѓународно-правниот субјективитет е правен капацитет неопходен за дејствување на држава како правното лице во меѓународното-правните работи, а посебно склучување меѓународни-правни договори, претставување во меѓународните дипломатски или судски постапки и односи, вршење дипломатски акти, стекнување, располагање и отуѓување на сопственост, и посебно капацитет на правното лице да тужи (или биде тужена) во меѓународните судови или слични меѓународни тела во кои се подразбира дека субјектот који тужи или е тужена страна има својството на меѓународното правно лице односно субјект. Останатите елементи на „субјективитетот" се низа дипломатски имунитети или посебни правни (дипломатски) статуси кои гарантираат целосна правна независност од кои било друг правен субјект или орган на друга држава или меѓународната организацијата. Овој меѓународно-правен субјективитет држава (како субјект) го поседува и пред да влезе во меѓународните односи те. овој капацитет е инхеретното својство те. вроденото право на една држава. Елементите на вродените права потпаѓаат под обврските од кои држава не може да се ослободи или да ги пренесе на друга, те. потпаѓаат под Jus Cogens право.

Секое "јуридичко лице", било да е физичко, правно (приватно-правно) или меѓународноправно поседува два основни правни атрибути: 1. името; 2. седиштето, или ако се работи за држава територијата со својата локација. Приватно-правни и физички лица имаат и трет атрибут: државјанството. Меѓународно-правен субјективитет поседува елементите: државно име или името на организацијата создадна со меѓудржавен договор, правниот капацитет за склучување договори, правниот капацитет за дипломатското претставување, основниот имунитетот на субјектот од јурисдикацијата на другите правни субјекти (посебно имунитет од граѓанска, судска и управна јурисдикција), основен правен или правосуден капацитет за постапките пред меѓународните судски тела и органи. Инхерентните права на држава се: 1. државно име, 2. договорната способност, 3. сопственост, 4. основен државен имунитет, 5. способност да тужи други (меѓународни) субјекти.[2]

Доколку настане правен спор меѓу меѓународна организацијата и државата-членка на истата организација, ваков спор се решава според одредбите на конвецијата која регулира правниот статус на самата органиазција. Само за пример, во случај да имаме правен спор меѓу ООН, на една страна и државата-членка на ООН, на друга страна, врзан за правната личност на ООН, се применува Конвенцијата за привилегиите и имунитетите на ОН од 1946. Според оваа Конвенција, странките во спорот (ООН и држава-членка) ќе побараат Советодавното мислење од Меѓународниот суд за правда, а ваквото Советодавно мислење по донесување од Судот ќе се смета за задолжително и за една и за друга страна во спорот.[3] Слично е и со ваквите спорови кои инволвираат Специјализираните организации на ОН и нивните државите-членки, кои се регулираат со Конвенцијата за привилегиите и имунитетите на Специјализираните агенции на ОН од 1947.[4] Треба да се забележи дека државата-членка на меѓународната организација, во ваквите правни спорови настапува како целосно назависна правна личност, без оглед на фактот што е членка на друг меѓународен субјект, те. на организацијата. Исто така треба да се забележи и дека конвенцијата (во прашање) креира обврските не само за државите-договорнички (странките)на ваков договор, туку и за организацијата, која станува обврзана и во правен смисол странката на ваквата конвенција со сродни права и обврските како и државите-странки (договорнички) на ваквата конвенција.

Во споредба со државите, меѓународно-правниот субјективитет на меѓународните организации се создава "вештачки" со нивниот договор-статут, основен уставен документ или меѓународната конвенција (те. со меѓународен договор со кои тие се создадени (од државите)). За пример, меѓународно-правниот субјективитет на Организацијата на Обединетите Нации е утрвредн, врз основа на членот 104. и членот 105. од Повелбата на ООН (која претставува основен договор со кои се создава ООН), со Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации (1946) во членот 1. Правна личност: „Обединетите нации имаат правна личност. Таа може: а) да склучува договори; б) да се стекне со, или да отуѓува подвижен и недвижен имот; в) да покренува меѓународните правни постпаки."[5] Слично е и со сите специјализирани организации во системот на ООН. Нивниот субјективитет е утрвредн, врз основа на нивните највисоки статутарни документи (или "Уставни документи"), со Конвенцијата за привилегии и имунитети на Специјализираните агенции (1947). Според членот 2. таа може: " а) да склучува договори; б) да се стекне со, или да отуѓува подвижен и недвижен имот; в) да покренува меѓународните правни постпаки.".[6]

Сродната правна категорија на меѓународно-правниот субјективитет е вантрешно-правен субјективитет како правен капацитет на едно лице да се појавува пред домашните правосудни тела и врши сите правни работи и постапки во внатрешно-правен поредок.

Меѓународните компании или корпорации, односно меѓународните приватни профитни организации, исто како и невладините и непрофитни организации потпаѓаат под категорија приватно-правни лица и немаат, според меѓународното јавно право меѓународно-правен субјективитет. Ваквите невладини организации, меѓународните компании или корпорации немаат правен капацитет да се појавуваат и да бидат странките (те. туажат / бидат тужени) пред меѓународните судови кои бараат меѓународно-правниот субјективитет, како што е пример Меѓународниот суд за правда во Хаг.[7][8]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Љубомир. Д. Фрчкоски, Васил Тупурковски, Владимир Ортаковски, Меѓународно јавно право, Табернакул, 1995.
  • Janne Elisabeth Nijman, The Concept of International Legal Personality, Sringer-Verlag, 2004.
  • Fleur Johns, International Legal Personality, Routledge, 2010.
  • Ronald Portmann, Legal Personality in International Law, Cambridge University Press, 2010.
  • Игор Јанев,* Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград: 2020. ISBN 978-86-531-0551-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Документи[уреди | уреди извор]

  • Повелба на Организацијата на Обединетите Нации, 1945.
  • Универзална декларација за правата на човекот, 1948. [9]
  • International Covenant on Civil and Political Rights,1966. [10]
  • International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights,1966. [11]
  • Convention on the Privileges and Immunities of the United Nations, 1946.[12]
  • Convention on the Privileges and Immunities of the Specialized Agencies, 1947.[13]
  • Advisory Opinion: Conditions of Admission of a State to Membership in the United Nations (Article 4 of the Charter), 1948, International Court of Justice.[14]
  • Advisory Opinion: Reparation for injuries suffered in the service of the United Nations, 1949, International Court of Justice.[15]
  • UN Document A/CN, 4/161 and Add. 1, UN Yearbook of the International Law Commission, 1963.[16][17]
  • Vienna Convention on the Law of Treaties, 1969. [18]
  • Vienna Convention on the Representation of States in their Relations with International Organizations of a Universal Character, 1975.[19]
  • Vienna Convention on the Law of Treaties between States and International Organizations or between International Organizations, 1986.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Современо меѓународното право прави обиди покрај овие два типа субјекти (државите и меѓународните организации), да биде вклучен и индувидуален (па и колективен) носител на меѓународните права, преку концептот на меѓународните човекови права. Треба да се има предвид дека еден поединец не може да има или да се стекне со меѓунардоните должности и обврски и не е директно подредена на меѓународен правен поредок, те. во овој контекст може да претставува само пасивен субјект на меѓународното право (односно може да поседува само меѓународните човекови поединечни или колективни права, со инструментите како пр. Општата декларација за човековите права од 1948. [1] или пр. двата Пакта на ОН за човековите права усвоена во 1966: 1. International Covenant on Civil and Political Rights [2], и 2. International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights [3]).
  2. Инхерентните права како што право на државно име (бидејќи една држава не може да постои без името (односно има обврска да го поседува)), правото на претставување и правото на недерогирана договорната способност потпаѓаат под категорија Jus Cogens право.
  3. Види Section 30. на Конвецијата за привилегиите и имунитетите на ОН (1046) во кои се вели: All differences arising out of the interpretation or application of the present convention shall be referred to the International Court of Justice, unless in any case it is agreed by the parties to have recourse to another mode of settlement. If a difference arises between the United Nations on the one hand and a Member on the other hand, a request shall be made for an advisory opinion on any legal question involved in accordance with Article 96 of the Charter and Article 65 of the Statute of the Court. The opinion given by the Court shall be accepted as decisive by the parties.[4]
  4. Ваквите спорови меѓу агенцијата и држава се регулирани според Section 32. од оваа Конвемција(1947)[5]
  5. Види CONVENTION ON THE PRIVILEGES AND IMMUNITIES OF THE UNITED NATIONS
  6. Види CONVENTION ON THE PRIVILEGES AND IMMUNITIES OF THE SPECIALIZED AGENCIES [6]
  7. Види пример став 1. од членот 34. од Статутот на Меѓународниот суд за правда (еден од шесте главни органи на ОН) во кои се дефинираат странките пред Судот во кои се вели: "Only states may be parties in cases before the Court." [7]
  8. Според статутот на Меѓународниот суд за правда во Хаг, меѓународните организации во системот на ОН имаат и надлежност да бараат Советодавните мислења (Advisory Opinions) од овој Суд, според членот 65 од Статутот на Судот: "The Court may give an advisory opinion on any legal question at the request of whatever body may be authorized by or in accordance with the Charter of the United Nations to make such a request".[8]