Ленче Арсова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленче Арсова
Родена Ленче Стојанова
16 август 1919
Битола, Кралство СХС
Починала 2016 (96 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Сопружник Љупчо Арсов

Ленче Арсова (моминско: Стојанова; 16 август 1919 во Битола2016 во Скопје) — македонски револуционер, комунистички деец, хуманист, борец и општественик.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Арсова во текот на Втората светска војна, извршувала најразлични улоги. Во 1940 година, како член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) била една од организаторите на Народноослободителната војска на Македонија (НОВ). Од јули 1941 година била член на месниот комитет на КПЈ во Штип и на Воениот штаб, а од 1943 година била член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ), инструктор на Петтиот областен комитет на КПМ, од август 1944 година била заменик-командир на базата на генералштабот на НОВ и ПОМ, шифрант на Врховниот штаб на НОБ и ПОЈ на островот Вис, раководител на шифрантската служба при генералштабот на НОВ и ПОМ и секретар на месниот комитет на КПМ во Штип.[3]

По ослободувањето се наоѓала на разни општествено-политички должности и била долгогодишен претседател на Црвениот крст на Македонија.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Била омажена за Љупчо Арсов, македонски партизан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Арсов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 86. Text "series " ignored (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 30–31. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 46. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)