Прејди на содржината

Ленче Арсова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленче Арсова
Родена Ленче Стојанова
16 август 1919
Битола, Кралство СХС
Починала 2016 (96 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Сопружник Љупчо Арсов

Ленче Арсова (моминско: Стојанова; 16 август 1919 во Битола2016 во Скопје) — македонски револуционер, комунистички деец, хуманист, борец и општественик.[1][2] Таа е носител на Партизанска Споменица 1941 и многу други одликувања.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Ленче Арсова е носител на Партизанската споменица 1941.

Како студент на Белградскиот универзитет се вклучила во акциите на напредното студентско движење. Од 1939 година била службеник во ПТТ - Белград, а во 1940 година била примена за член на КПЈ.[3]

Арсова во текот на Втората светска војна, извршувала најразлични улоги. Во 1940 година, како член на КПЈ, била една од организаторите на Народноослободителната војска на Македонија (НОВ). Од јули 1941 година била член на месниот комитет на КПЈ во Штип и на Воениот штаб, а од 1943 година била член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ), инструктор на Петтиот областен комитет на КПМ, од август 1944 година била заменик-командир на базата на генералштабот на НОВ и ПОМ, шифрант на Врховниот штаб на НОБ и ПОЈ на островот Вис, раководител на шифрантската служба при генералштабот на НОВ и ПОМ и секретар на месниот комитет на КПМ во Штип.[3][4]

По ослободувањето се наоѓала на разни општествено-политички должности и била долгогодишен претседател на Црвениот крст на Македонија.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Била омажена за Љупчо Арсов, македонски партизан.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Арсов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 86. Text "series " ignored (help)
  2. Павловски и други, Јован (2002). Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. стр. 30–31. ISBN 9989-613-28-1.
  3. 3,0 3,1 3,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 982.
  4. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 46. ISBN 9989-624-46-1.