Прејди на содржината

Кралство Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Грција
Βασίλειον τῆς Ἑλλάδος
1832 – 1924
1935 – 1941
1944 – 1973
Flag of Грција
Знаме на Грција
(1863-1924 и 1935-1967)
грб на Грција (1863-1924 и 1935-1967) of Грција
грб на Грција
(1863-1924 и 1935-1967)
Motto: "Ελευθερία ή Θάνατος" (Слобода или Смрт)
Кралко мото: "Ἰσχύς μου ἡ ἀγάπη τοῦ λαοῦ" (Љубовта на народот е мојата сила)
Химна: Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν
Химна на слободата
Кралството Грција во 1973 година.
Кралството Грција во 1973 година.
Главен градАтина
Говорени јазициГрчки
Вероисповед
Православие
УредувањеАпсолутна монархија 1832 - 1843
Парламентарна демократија и уставна монархија 1843 - 1924, 1935 - 1973
Монарх 
• 1832-1862
Отон I
• 1964-1974
Константин II
Историски периодПросветителство
30 август 1832
• 
3 септември 1843
25 март 1924
3 ноември 1935
1941
• Ослободување
1944
21 April 1967
8 декември 1974
Валутадрахма
Претходници
Наследници
Османлиско Царство
Прва грчка република
Втора грчка република
Окупација во Втората светска војна
Втора грчка република
Грчка држава (1941-1944)
Трета грчка република

Кралство Грција (грчки: Βασίλειον τῆς Ἑλλάδος, Vasílion TIS Elládos) било основано 1832 година по Лондонска конференција предводена од страна на Големите сили (Обединетото Кралство, Франција и Руската Империја). Меѓународно земјата била призната од договорот во Цариград, каде била прогласена и обезбедена целосна независност од Отоманското Царство. Независноста била означена со т.н. Грчка војна за независност. Во 1924 година била укината монархијата во земјата и прогласена Втора Грчка република. Кралството повторно било обновено во 1935 година, а траело до 1974 година кога пак била создадена Третата Грчка република, каква што е и денес.

Владеењето на кралот Отон (1832–1862)

[уреди | уреди извор]
Отон, првиот крал на модерна Грција.

Лондонскиот протокол, со кој Грција станала независна држава, не значел и решавање на проблемите во неа. Изборот на крал на Грција воопшто не бил лесен. Според договорот помеѓу големите сили во 1830 година, за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксен Кобуршки, но тој набрзо ce откажал од престолот, на кој воопшто на стапнал.[1] Состојбата во Грција уште повеќе ce искомплицирала по убиството на Јоанис Каподистријас во 1831 година. Тоа било знак за големите сили поинтензивно да ce вмешаат во грчките внатрешни работи. Трите сили-заштитнички биле заинтересирани за обезбедување стабилен режим во Грција, кој нема да бара добивање на територии. Конечно, во 1832 година големите сили го решиле и проблемот со изборот на нов грчки крал. Со членот 1 од договорот помеѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за нов грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал. Новиот грчки крал, според членот 3 од договорот, ќе ja носи титулата крал на Грција, a не на Грците. Тоа значело дека тој не е крал и на оние Грци што останале да живеат во рамките на османлиската држава. Со тоа големите сили, кои влијаеле врз изборот, сакале да избегнат османлиски протести и негодувања.[1]

Грчки кралеви (монарси)

[уреди | уреди извор]
Кралот Георгиос I.
Карта на Кралството Грција, Крит и Кнежевството Самос во 1903, пред Балканските војни.
  1. 1,0 1,1 Јовановски (2005), стр. 14

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Јовановски, Далибор (2005). Грчката балканска политика и Македонија. Скопје: Bato & Divajn. ISBN 9989-2382-0-0