Прејди на содржината

Киро Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киро Поповски (13 април 1942 во Вратница, Тетовско29 октомври 1995 во Скопје) ― македонски правник, политичар, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Поповски е роден во тетовското село Вратница на 13 април 1942 година. Гимназијата ја завршил во Скопје и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година. Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на Социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот на ССМ, претседател на Извршниот одбор на Републичката СИЗ за физичка култура, претседател на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем, член на Одборот за прашања од областа на општественото уредување, безбедноста и односите со странство, член на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем на Извршниот совет на Собраниет на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија[1] (22 септември 1990 - јули 1995) и потпретседател на Собранието на Македонија од 1991 до 1995 година[2].

Бил оженет со Златка Поповска поранешен потпретседател на Владата на Бранко Црвенковски од 1994 до 1998 година, кадар на Социјалистичката партија[3]. Починал во Скопје на 29 октомври 1995 година.

  1. „Социјалистите се потсетија на првиот претседател Одбележани десет години од смртта на Киро Поповски“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-01.[мртва врска]
  2. „Киро Поповски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-01.
  3. Марковски, Градимир (9 јануари 2008). „ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВЕЧЕР И ПОТСЕТУВАЊЕ: Жени што исчезнаа од македонската политика“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 2009-11-01.