Прејди на содржината

Казбек

Координати: 42°41′57″N 44°31′06″E / 42.69917° СГШ; 44.51833° ИГД / 42.69917; 44.51833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Казбек
Планина Казбек
Највисока точка
Надм. вис.5047 м [1][2]
Истакнатост2353 м [1]
Заведена какоUltra
Координати42°41′57″N 44°31′06″E / 42.69917° СГШ; 44.51833° ИГД / 42.69917; 44.51833[1]
Географија
Казбек на карта

Карта

Место
Матичен венецКавкаски Планини
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув750 п.н.е. ± 50 години
Искачување
Прво освојување1868 од Д. В. Фрешфилд, А. В. Мур и В. Такер
Најлесен патBasic snow/ice climb

Казбек (грузиски: მყინვარწვერი, Mqinvartsveri) — заспан стратовулкан кој се наоѓа на Кавказот на границата на грузискиот округ Казбеги и руската република Северна Осетија-Аланија[4][5] .

Казбек е третиот највисок врв во Грузија (по планината Шхара и Џанга) и на седмиот највисок врв на Кавкаските Планини. Казбек е, исто така, втор највисок вулкански врв на Кавказ, по планината Елбрус. Врвот се наоѓа директно на запад од градот Степанцминда и ги содржи едни од најистакнатите географски одлики на областа. Казбек е највисокиот врв на Источна Грузија. Името на грузиски јазик, Mqinvartsveri, во превод значи „Замрзнат студен врв[6].

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Казбек се наоѓа на Кохискиот масив, планинско подрачје кое се протега северно од Големокавкаското подрачје и кое е прободено од клисурите на Ардон и реката Терек. Во источното подножје се протега Грузискиот воен пат преку преминот Дарјал на 2.378 метри (7805 стапки). Самата планина лежи по должината на Северниот Анадолски Расед. Регионот е многу активен тектонски, со бројни мали земјотреси кои се случуваат во редовни интервали. Казбет е потенцијално активен вулкан, изграден од трахит, и има облик на двоен конус, чија основа лежи на надморска височина од 1.770 метри. Казбек е највисок од вулканските конуси на Казбешката вулканска група, која исто така ја вклучува планината Кабаржина (3.142 метри).

Благодарение на стрмнината на неговите падини, ледниците на Казбек не се многу големи. Вкупната површина на сите ледници на Казбек е 135 км2. Најпознатиот ледник е Девдараки кој се издига по североисточната падина во клисура со исто име, достигнувајќи ниво од 2.295 метри (7.530 стапки). Другите ледници на Казбек ги вклучуваат Мна, Денкара, Гергети, Абано и Чата. Неодамнешниот колапс на Колка, кој се наоѓа во долината меѓу планината Џихара и Казбек во 2002 година и се припишува на вулканската активност на северната падина на планината, иако немало ерупција. Покрај настанот од 2002 година, масовниот колапс на ледникот Девдараки на североисточниот падина на планината, кој се случил на 20 август 2014 година, довел до смрт на седум лица. Ледничкиот колапс ја зафатил реката Терек во клисурата Дарјал и го поплавил Грузискиот воен пат.

Планината Казбек се поврзува со грузискиот фолклор на гогор Амирани, грузиската верзија на Прометеј, кој бил затворен поради украдениот оган од боговите и предавањето на смртниците. Местото на неговото затворање подоцна станало христијанско место кое се наоѓа на ниво од околу 4.000 метри. Според легендите, во оваа пештера се наоѓале многу свети мошти[7].

Искачување

[уреди | уреди извор]

Врвот за првпат бил искачен во 1868 година од страна на Д. В. Фрешфилд, А. В. Мур и В. Такер од Алпскиот клуб, со водичот Франсоа Девуасуд. По нив следеле женската руска алпинистка Марија Преображенска, која се искачила девет пати кон почеток во 1900 година.

Природен резерват

[уреди | уреди извор]

Областа околу планината Казбек била прогласена за природен резерват од советската влада во 1979 година. Многу од растенијата и животните во резерватот се ендемски за регионот Кавказ.

Казбек како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 "European Russia and the Caucasian States: Ultra-Prominence Page". Peaklist.org. Retrieved 2014-05-25.
  2. „Gora Kazbek, Georgia“. Peakbagger.com. Посетено на 2015-05-25. (англиски)
  3. РУССИКА. Илл. энцикл. Страны мира
  4. Russian Geographical Society (2006), Vladimir Kotlyakov (уред.), Словарь современных географических названий (руски), Institute of Geography, RAS
  5. http://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=214020
  6. "მყინვარი", Donald Rayfield et al., A Comprehensive Georgian-English Dictionary (2006)
  7. Georgia: A Sovereign Country of the Caucasus. Odyssey Publications: Hong Kong. 1999. ISBN 962-217-748-4.
  8. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 197.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]