Заб
- Катниците (molares) се користат за мелење на храна.
- Очниците (canines) (кучешки заби) се користат за сечење на храна. Ги има само кај месојадци.
- Преткатниците (praemolares) се слични на катниците, но се помали и понекогаш се нарекуваат „мали катници“.
- Секачите (incizors) се користат за сечење на храна.
Забите (лат. dentes) се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата. Тоа се структури кои се наоѓаат во вилиците на многу ’рбетници. Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.
Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови нивните односи. Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло. На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање. На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.
Типови забни ткива
Кај луѓето
- Глеѓ (емајл) е цврст надворешен слој кој се состои од калциум и фосфат.
- Дентин е внатрешниот слој, главнината на забот.
- Пулпа е јадрото, кое содржи нерви и крвни садови.
- Цемент е тенкиот слој околу коренот; коскен материјал кој ги поврзува забите со вилицата.
Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот. Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (2), преткатници (4) и катници (6).
Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели. На некои други животни им расте само една генерација заби. Забите на глодачите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.
Делови на забот
[уреди | уреди извор]Забите се состојат од три дела:
- Коронка (круна) - надворешниот, видлив дел од забот
- Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски
- Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот
Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.
Внатрешност на забот
[уреди | уреди извор]Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервните садови ја исполнуваат пулпината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.
Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава пулпата, која го исхранува овој слој.
Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот, и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата.
Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл (глеѓ) - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело, која служи за спречување на кариес. Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхрана на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.
Здравите заби најчесто потемнуваат како што човекот созрева, зашто пулпата во рамките на забот се стеснува и на нејзино место доаѓа дентин.
Забот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Кариес“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[1]
- „Заби“ (српски: Зуби) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
- „Млечно запче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година[3]
- „Чепкалки за заби“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[4]
- „Мевце во заб“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[5]
- „Итар Пејо му вади заб на селанец“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[6]
- „Душо, извади ги забите“ (англиски: Baby, Take Your Teeth Out) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[7]
- „Пломба за Зелениот заб“ (српски: Plomba Za Zelenog Zuba) — песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.[8]
- „Твоите златни заби“ (англиски: Your Gold Teeth) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.[9]
- „Твоите златни заби II“ (англиски: Your Gold Teeth II) — песна на американската рок-група Стили Ден од 1975 година.[10]
- „Млечни заби“ (англиски: Milky Teeth) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.[11]
- „Заби“ (англиски: Teeth) — песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Заб“ на Ризницата ? |
- Топографско-анатомско обележување на забите
- Посебни морфолошки одлики на забите
- Дентална номенклатура
- Кариес
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Комплетан стоматолошки лексикон[мртва врска] (германски)
- Анатомија на забите Архивирано на 24 август 2006 г. (англиски)
- Савети за подобри здрави заби Архивирано на 30 септември 2007 г. (англиски)
- Мрежно место за забите Архивирано на 15 ноември 2017 г. (англиски)
- Табела со раст на забите Архивирано на 23 април 2009 г. (англиски)
- Приказни на луѓе на кои им пораснал трет заб (англиски)
- Нова технологија за повторно постигнување на растот на забите Архивирано на 11 октомври 2007 г. (англиски)
- Статија за забите, као украс на човекот од каменог доба. Архивирано на 27 февруари 2007 г. (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 23.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 95.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 9.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 90-91.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 45-46.
- ↑ Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 12.
- ↑ Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)
- ↑ DISCOGS, Rambo Amadeus – Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019)
- ↑ Steely Dan – Countdown To Ecstasy (пристапено на 23.11.2023)
- ↑ DISCOGS, Steely Dan – Katy Lied (пристапено на 10.3.2018)
- ↑ DISCOGS, Tindersticks - Tindersticks (пристапено на 19.8.2018)
- ↑ DISCOGS, Kristin Hersh – Hips And Makers (пристапено на 2.9.2020)
|