Прејди на содржината

Забна пулпа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пулпа)
Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и пулпата.

Забната пулпа (pulpa dentis) — најминијатурниот орган во човековото тело. Сместен е во шуплината на забот (cavum dentis) и од секаде е обиколена со дентин, освен во пределот на отворот на врвот на коренот на забот (foramen apicis dentis) преку кој навлегуваат крвни садови и нервни влакна. Пулпата е ретко сврзливо ткиво.[1]

Функции на пулпата

[уреди | уреди извор]
  • Дентиногена Функција - учествува во создавање на дентин.
  • Нутритивна или хранителна функција - се остварува преку нервните влакна и крвни садови
  • Заштитна или одбранбена функција - пулпата реагира на механички, топлински, бактериски, хемиски и други фактори со болка.[2]

Структурна организација на забната пулпа

[уреди | уреди извор]

Одонтобластен слој

[уреди | уреди извор]

Тоа е слој, составен од цилиндрични клетки (одонтобласти) кои се движат по површината на забната пулпа на границата со дентинот. Од одонтобластите излегуваат Томесови процесуси кои навлегуаат во дентинските каналчиња и учествуваат во неговата исхрана.

Субодонтобластен слој

[уреди | уреди извор]

Се состои од: Ацелуларна зона или Веилова Зона и Клеточна зона или Хохлова зона.

Во Веиловата зона се наоѓа мрежа на нервни влакна - Решкова мрежа. Под Веиловата зона се наоѓа Хохловата клеточна зона во која се наоѓаат повеќе типови на клетки од кој најзастапени се фибробластите.

3. Централна зона

[уреди | уреди извор]

Тоа е дел од забната пулпа во кој се наоѓаат клетки, крвни садови, нервни влакна, лифмни садови, ретикуларни, колагени и еластични влакна кој се потопени во водена маса.

Во пулпата може да се сретнат и недиференцирани клетки кои понекогаш во зависност од потребите може да се диферецираат.

  1. Brizuela, Melina; Bordoni, Bruno (2025). Anatomy, Head and Neck, Dental Pulp. Treasure Island (FL): StatPearls Publishing. PMID 30725797.
  2. Goldberg, Michel; Hirata, Azumi (2017-02-12). „The Dental Pulp: Composition, Properties and Functions“. JSM Dentistry (англиски). 5 (1): 1–10. doi:10.47739/2333-7117/1079 Проверете ја вредноста |doi= (help). ISSN 2333-7133.