Глеѓ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и глеѓта.

Глеѓта (лат. substantia adamantina s. enamelum) претставува надворешната обвивка на коронката на забот, таа го заштитува дентинот од влијанијата во усната празнина. Изграден е од органски матрикс (od 4% do 8%) и кристали на хидроксиапатит (od 92% do 96%).Од нив 12% и припаѓаат на водата. Дебелината на глеѓта варира и најтенка е во пределот на вратот на забот, каде преоѓа во цемент кој го покрива коренот на забот, а нај дебела е на џвакалните површини (кај предкатниците и катниците) и секалните рабови кај предните заби. Тоа е најцрвстата супстанција во човековото тело.

Неправилности во структутата на глеѓта[уреди]

Тие настануваат во времето на создавањето на глеѓта, кога врз процесот на создавање на органска матрица, минерализација и созревањето на глеѓта делуваат негативни фактори.

Постојат неколку фактори кои условуваат појава на структурни аномалии на глеѓта:

  • Општи фактори
  • Локални фактори
  • Наследување
  • Интоксикација и
  • Непознати причини
  • Неправилност предизвикана од дејството на општите фактори се нарекува хипоплазија на глеѓта.
  • Неправилност предизвикана од дејството на локални фактори се нарекува Тарнерова хипоплазија.
  • Неправилност предизвикана од дејството на наследни фактори се нарекува Amelogenesis imperfecta.
  • Неправилност предизвикана од дејството на интоксикација (труење) се нарекува флуороза на забите.
  • Неправилност предизвикана од дејството на сѐ уште неразјаснети причини може да се види како локализирано заматување на забите.