Прејди на содржината

Витаминка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Витаминка
Типакционерско друштво
Основана1956
Основач(и)НР Македонија
СедиштеПрилеп, Македонија
Опслужувано
подрачје
Балкан
Клучни личностиСашо Наумоски
Дејностпрехранбена индустрија
Производикондиторски производи
СопственикА.Д.
Вработени> 600[1]
Гесло„Свет на вкусови“
ПорталМрежно место

Витаминка е македонско претпријатие (акционерско друштво) за прехранбени и кондиторски производи, основано во 1956 година во Прилеп.

Историја

[уреди | уреди извор]

Витаминка А.Д. е основана во 1956 година во Прилеп, СР Македонија. Претпријатието е основано од тогашната државна власт[2] и првичната замисла била да биде претпријатие за производство и обработка на црвен мелен пипер.[1] Во 1976 година, раководството на претпријатието усвоило нов деловен план и проширување на производните капацитети и асортимани. Така, Витаминка започнала со производство на поголем број прехранбени производи. Набргу, Витаминка прераснала во водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија.[2] Денес, Витаминка има над 600 вработени.

Производство

[уреди | уреди извор]

„Витаминка“ е водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија. Од своето вкупно производство, околу 45% се пласира на пазарите надвор од Македонија. Своите производи Витаминка ги продава во повеќе од 30 држави, а во 2019 година започнала да извезува и во Јапонија.[3] Витаминка има над 350 видови пакувани прехранбени производи.[3]

Во 2019 година, „Витаминка“ ја купила фабриката за масло „Брилијант“ од Штип.[4]

Производи

[уреди | уреди извор]

Поголемите брендови на Витаминка се:[4]

Асортиманот на Витаминка е поголем и вклучува различни видови производи и вкусови.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, македонската влада ѝ доделила на „Витаминка“ признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности. Признанието било доделено поради скратувањето на работното време на вработените во „Витаминка“ кои се враќаат од породилно отсуство во времетраење од три месеци. Покрај тоа, „Витаминка“ вовела и надоместок за трето дете. Покрај ова признание, како дел од манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ која ја организира Здружението на новинарите од Источниот Регион, на „Витаминка“ ѝ било доделено признание за најдобра домашна инвестиција (за преземањето на фабриката за масло „Брилијант“ во Штип).[4]

  1. Витаминка прослави 60 години
  2. „СТАТУТ НА ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА "ВИТАМИНКА"АД- ПРИЛЕП“ (PDF). Посетено на 4 October 2024.
  3. Мирослав Саздовски, „Витаминка започна со извоз во Јапонија“, Економија и бизнис, година 22, број 666, октомври 2020, стр. 6.
  4. 4,0 4,1 Мирослав Саздовски, „Две признанија за Витаминка“, Економија и бизнис, година 21, број 250, мај 2019, стр. 6.
  1. ^ Историјат на А.Д: Витаминка Архивирано на 20 август 2018 г., vitaminka.com.mk
  2. ^ Производи на А.Д: Витаминка, vitaminka.com.mk

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]