Википедија:Вики ја сака модата 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вики ја сака модата 2021 — меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со модата и модната индустрија, поттикната од корисничката група Викидона, којашто се спроведува секоја година на крајот од месец септември, односно во периодот на одржување на Миланската модна недела, Париската модна недела и настани во организација на музејот Метрополитен. Главна цел на иницијативата е создавање содржини во врска со модата на што е можно поголем број јазични изданија на викимедиините проекти. Овогодинешната меѓународна иницијатива е во времетараење од 18 септември до 17 октомври 2021 година. Тема на овогодинешната меѓународна иницијатива била „кодекс на облекување“.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со модата на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачка седмица на тема „Мода“ во периодот 24–30 септември 2021 година.

Упатство за учество[уреди извор]

Основни податоци[уреди извор]

  • Почеток: 24 септември 2021 г. во 00:00 ч. (CEST).
  • Крај: 30 септември 2021 г. во 23:59 ч. (CEST).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
  • Тема: Мода.

Пријава[уреди извор]

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
  • Чекор 3: Додека сте најавени, додадете го корисничкото име во списокот на учесници во меѓународната иницијатива и пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Последното овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица.
  • Чекор 4: Следете ги упатствата на оваа страница за да учествувате во меѓународниот предизвик и да освоите награда и признание.

Награди[уреди извор]

Награди им биле доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони за облека, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 25 статии!

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е со македонски превод)

Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини можело да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрувало дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници било да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).

Материјали за уредување[уреди извор]

Други јазични изданија на Википедија

Списоци на статии за уредување[уреди извор]

Изборот на статии за уредување е потребно да се врши од следниот список:

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Kushina Dahlia
  1. Модна недела во Милано (Н)
  2. Камп: Белешки за модата (Н)
  3. Црвениот Версаче фустан на Синди Крафорд (Н)
  4. Сара Монфорт (Н)
  5. Ванеса Бруно (Н)
  6. Мајкл Мекдоналд (костимограф) (Н)
  7. Магдалена Мазур (Н)
  8. Емили Ман (модел) (Н)
  9. Модна недела во Њујорк (П)
  10. Француска мода (П)
  11. Моден додаток (П)
  12. Белмал (музеј) (Н)
  13. Музеј на престилки (Н)
  14. Фондација на фолклор во Пелопонес (Н)
  15. Музеј на мода во Нов Зеланд (Н)
  16. Mузеј на Бата обувки (Н)
  17. Зелениот Версаче фустан на Џенифер Лопес (Н)
  18. Црниот Версаче фустан на Елизабет Харли (Н)
2 Теодора Трајковска
3 Луната1999
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Резултати[уреди извор]

Број Корисник Збирен резултат1
1 Теодора Трајковска 187.622
2 Kushina Dahlia 95.615
3 Луната1999 1.928

1 Збирниот резултат претставува број на додадени бајти на Википедија преку уредените статии, за што е користена контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници.

Надворешни врски[уреди извор]